ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Настанот „Пат на заздравување“ го означи почетокот на програмата за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани со гостите од Шведска

June 16, 2025 16:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел да споделува искуства, да придонесе за зајакнување на заедницата и да гради модели на отпорност, солидарност и психосоцијално заздравување по трагичниот настан во Кочани, седумчлена делегација од Гетеборг, Шведска  од 16 до 18 јуни престојува во Кочани, информираат од Општина Кочани.

Почетокот на активностите беше официјализиран со настанот под наслов „Пат на заздравување“, на кој присуствуваше амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин и претставници на „Europe House“, како иницијатори и поддржувачи на програмата, како и претставници на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ и „Сапорт“ – Кочани.

Во тимот од Гетеборг се преживеаните од пожарот во 1998 година во дискотека во Гетеборг – Нима Параш Лама и Розбех Асланијан и пожарникарите Пер-Андерс и Бенгт Холм, социјалните работнички Елеонор Артфорс и Хели Кунас, како и координаторот на Центарот за поддршка Ларс Лилед.

– Три месеци Кочани живее во длабока криза, емотивна, психичка, криза во управувањето со секојдневието. Процесот на закрепнување е подлабок и подолготраен отколку што можеме да си замислиме. Добро е што не сме осамени на тој пат, кој жителите на Гетеборг го поминале пред 27 години. Искуствата стекнати во тој процес очекуваме да ни помогнат – истакна в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.

Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џеин нагласи дека искуствата од ваквите трагедии се слични, иако се случувале во две различни држави – болката и последиците се исти.

– Заеднички се сеќаваме, заедно жалиме и заедно учиме да продолжиме со животот, порачуваат нашите гости од Гетеборг. Тоа значи активно учество на сите нас во градењето безбедносни простори за секого, простори на вклученост, на почитување и толеранција на различноста и посебноста, простори на слободата – рече во обраќањето пред присутните Лина Ќостарова-Унковска, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“.

Пред присутните говореше и Ларс Лилед, кој по пожарот во Гетеборг од менаџер за развој се пренасочил во специјалист за катастрофи, а неговата работа на тој план е опишана во книгата „Како редење сложувалки“, која во рамките на оваа програма за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани е преведена на македонски јазик.

Tags: Пат на заздравување
Next Post
Фото: Креирано со помош на ВИ

Трамп, Нетанјаху и Хамнеи – тројцата лути старци кои би можеле да нè убијат сите

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk