ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европската служба за надворешни работи: Постојат индикации дека Израел ги прекршил човековите права со нападите во Газа

June 21, 2025 10:45
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Постојат индикации дека Израел ги прекршил одредбите од договорот на земјата со Европската Унија во врска со човековите права преку своите воени акции во Газа, заклучи Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

-Врз основа на проценките од независни меѓународни институции… постојат индикации дека Израел ги прекршил своите обврски за човекови права според Член 2 од Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, заклучи ЕЕАС, според протечен документ што го виде Политико со седиште во Брисел.

Во документот од осум страници се наведува дека, како одговор на терористичките напади од страна на палестинското милитантно движење Хамас во октомври 2023 година, Израел „започна интензивна воена кампања, која вклучуваше употреба на оружје со широк дострел во густо населени области и строги ограничувања за влез и дистрибуција на основни стоки и услуги во Газа“.

-Во контекст на Израел и (окупираните палестински територии), набљудувачите забележаа постојан недостаток на одговорност од сите страни. Овој континуиран недостаток на одговорност за сериозни обвинувања за кршење на меѓународното право покрена сериозни сомнежи за подготвеноста и способноста на израелските власти да спроведат вистински истраги, како што бара меѓународното право, се наведува во документот, меѓу другото.

Хуманитарната проценка на Европската служба за надворешни работи, исто така, ги критикуваше масовните жртви во Газа, наведувајќи „невидени нивоа на цивилни жртви и повреди“, како и напади врз болници и раселување на околу 90 проценти од населението на територијата.

Спогодбата за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, меѓу другото, ја регулира соработката во клучните индустрии и билатералната трговија, и додека целосното раскинување на договорот би барало едногласна поддршка од сите 27 земји-членки на ЕУ, четири официјални лица потврдија за Политико дека се разгледуваат привремени мерки, како што е намалување на трговските врски, и би можеле да бидат усвоени од квалификувано мнозинство земји.

Амбасадорите од земјите-членки ќе разговараат за проценката на ЕЕАС на состанок во недела попладне, а се очекува и самитот на лидерите следната недела да разговара за ова прашање, додаде Политико.

Tags: ГазаЕЕАСизраел
Next Post

Лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Shortcut

Најново

Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk