ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите и да истражат пријави за полициско насилство

July 6, 2025 12:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Организациите „Амнести интернешнл“ (Amnesty International)  и „Заштитници на граѓански права“ (Civil Rights Defenders) издадоа заедничка изјава во која наведуваат дека „видеата од српската интервентна полиција како напаѓа мирни демонстранти собрани на уличните блокади и пред универзитетот во Белград се алармантни“.

„Има голем број апсења и бројни обвинувања за прекумерна или на друг начин незаконска употреба на сила против студенти – како за време на самите протести, така и за време на апсењата и притворањата од страна на полицијата. Властите мора итно да истражат и да ги објаснат информациите за маскирани лица во цивилна облека кои ги напаѓаат демонстрантите“, се вели во соопштението.

Се додава дека „иако државата има одговорност да обезбеди јавен ред и да одговори на поединечни инциденти на насилство, употребата на сила мора да биде последно средство и секогаш строго неопходно и пропорционално за да се постигне легитимна цел“.
„Грубото потиснување на мирното несогласување не може да се оправда. Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да обезбедат граѓаните да можат безбедно да учествуваат во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување, вознемирување или насилство. Недејствувањето во оваа насока може дополнително да ги зголеми тензиите. Случаите на незаконска употреба на сила од страна на полицијата мора итно и независно да се истражат, а полицајците за кои постои сомневање дека дејствувале незаконски мора да бидат одговорни пред законот.

Се додава дека „лидерите на ЕУ треба јасно и недвосмислено да го осудат секое кршење на човековите права на демонстрантите и да нагласат дека обезбедувањето на правото на мирно собирање и слободата на изразување е клучно во процесот на пристапување на Србија кон Унијаta“.

Во Белград, Нови Сад, Шабац, Крушевац, Крагуевац, Ваљево, Смедерево и други градови, на повик на студенти и граѓански собири беа организирани блокади на патиштата, а дел од нив продолжуваат и вечерва.

Во исто време, полицијата приведе дел од собраните на различни локации, вклучувајќи малолетници, студенти, професори, граѓани…

Во Судот за прекршоци во Белград изјавија дека денеска се приведени вкупно 40 лица.

Tags: АмнестинасилствоСрбија
Next Post

Далај Лама го прославува 90. роденден

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk