ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025 21:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.

Тој демантираше дека МВР не постапило по денешниот инцидент.

-Не е точно дека МВР не презема дејствија и оти не постапува. За денешниот инцидент факт број еден – полиција кога е повикана да дојде на местото на настанот дошла. Факт број два – Арсовска по настанување на инцидентот била повикана да дојде во полициска станица, но не дошла. Во болница биле констатирани телесни повреди, црвенила од страна на стручно лице, на левата потколеница. Откако завршил прегледот во болница, таа се упатила повторно во полициска станица, по што полициски службеници отпочнале со полициски дејствија, И во меѓувреме контактирале јавен обвинител. Лицето кое што го навела како такво е приведено, е во полициска станица и плус други две лица кои вербално се заканувале, рече Тошковски.

Информира дека при составување на записникот и примање на пријавата од страна на Арсовска, како што посочи, таа станала и си заминала и не го потпишала записникот.

-Повторно само на Фејсбук парадираме, на социјални мрежи, а притоа таа не го потпишала записникот. И сега се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад. Би ја замолил да не бега од МВР, од институциите. Изразувам длабоко жалење и осудувам било каков напад без оглед кој е нападнат во ситуацијава. Оосбено осудувам напад врз жена, особено ако таа жена е избрана на избори и застапува градоначалник. Но да не случајно, излезе на крајот, сето ова, да не е едно добро смислено сценарио за политички циркуз, каде што жртвата ќе биде токму оној кој сторил физички напад, бидејќи добивам некои такви информации, не знам, претпоставувам, наведе Тошковски.

На прашањето дека Арсовска тврди дека на местото на инцидентот имало полциски службеници и биле сведоци на нападот и дали МВР ќе утврдува какви дејности преземале, Тошковски рече дека во целост ќе се утврди фактичката состојба.

-Не смееме да дозволиме никој да се чувствува небезбеден во Македонија, но и не смееме да дозволиме некој грубо да ја манипулира македонската јавност. Ова што се случи денеска од аспект на физичко насилство без оглед кој го презел, го осудувам и ќе бидат преземени сите дејствија во насока на расветлување. Доколку се утврди дека гледале и не презеле дејствија, ќе бидат спроведени во најбрза постапка. Јас се уште не сум видел ништо, но ме уверуваат дека фактичката состојба била многу поинаква од  тоа што е презентирано досега во јавноста. Известен е и јавен обвинител, а оние за кои што градоначалничката трвди дека ја нападнале се моментално во полициска станица и се постапува по наредба на јавен обинител, потенцира Тошковски.

Тој се осврна и на претходните два случаја по кои е постапувано од страна на МВР по закани врз Арсовска.

-Арсовска досега, во рамки на надлежностите на МВР има пријавено закана од полициски службеник којшто и се заканил на Фејсбук страницата. По таквата закана Одделот за внатрешна контрола по добиени сознанија ја бара градоначалничката на телефон и ја повикува да дојде во МВР. Таа не сака да дојде, по што полициски службеници одат во Град Скопје на 2 јули 2025 година. Градоначалничката се потпишува на записник каде што усно произнесува дека се чувстувала загрозено од страна на полициски службеник. На 3.07 Одделот за внатрешна конотрла доставува барање до Одделот за компјутерски криминал при што истиот ден Компјутерски криминал доставува одоговр до Внатрешна контрола дека има таков настан, дека имаат таква фактичка состојба констатирано. На 7.07 Одделот за внатрешна контрола поведува дисциплинска постапка против полициски службеник и ја известува Арсовска дека таква постапка е поведена, потсети Тошковски.

Запраша зошто градоначалничката ова не го обзнани на јавноста и не каже дека МВР во целост поистапило, информирајќи и за уште еден случај по пријава на Арсовска од 1 јуни годинава.

-На 1 јуни е првата пријава за загрозување на сигурност од страна на Данела Арсовска каде што е обезбеден доказен материјал и е поднесена кривична пријава по член  144 од КЗ, значи и тука е постапено од страна на МВР, појасни Тошковски. 

Tags: АрсовскаТошковски
Next Post
Фото: МИА

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk