ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025 21:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку видео објава на социјалните мрежи изнесе тешки обвинувања за постапувањето на полициските службеници по инцидентот во кој, според неа, била физички и вербално нападната од страна на непознато лице.

Арсовска вели дека заедно со советничката Ирена Витина, поминале два часа во полициската станица во Кисела Вода, каде наместо поддршка, добиле третман што таа го оцени како обид за прикривање на инцидентот.

„После првиот час расположението во полициската станица се промени и почнаа да се обидуваат да го прикријат настанот што се случи, со цел да го заштитат лицето што физички ме нападна“, рече таа.

Според нејзиното тврдење, нападот се случил на терен, каде присуствувала заедно со инспекторатот на Град Скопје, колеги од институциите и двајца униформирани припадници на МВР.

„Ова лице смислено ме нападна прво физички и со вербални закани за ликвидирање – семејство, дете – на позицијата каде што бевме со инспекторатот на Град Скопје. Службениците од МВР си разговараа со насилникот, притоа дозволувајќи му да сврти 20 телефонски повици во кои јавно кажуваше дека ќе ми ги е*е сите по список“, наведе Арсовска.

Таа посочи дека навредите не биле упатени само кон неа, туку и кон нејзините колешки од Градот Скопје:

„Сите присутни раководителки на сектори од Град Скопје присутни таму ги нарекуваше кучки и со други погрдни зборови.“

По укажаната лекарска помош во болницата „8 Септември“, градоначалничката била повторно повикана во полициската станица, каде, како што изјави, наместо да се истражи нападот, фокусот бил ставен на неа.

„Се обидуваа да го заташкаат случајот со прашања – што сум барала јас на терен. Ако ви е целта да ме спречите да одам на терен, веднаш ќе ви кажам – нема да ме спречите.“

Арсовска го обвини Министерството за внатрешни работи дека или функционира во заштита на криминалци, или пак се плаши од нив.

„Ова се причините зошто во Македонија има фемицид. Затоа што сто пати ќе пријавувате насилници, никој нема да реагира, и на крај ќе ве отепаат. МВР функционира во одбрана на криминалци или се плаши од нив“, изјави таа, упатувајќи критика и до министерот Панче Тошковски:

„Тошковски, ако се плашиш, дај си оставка и нека дојде некој што не им се плаши на криминалците.“

Во друга објава, градоначалничката Арсовска обвинува дека Министерството за внатрешни работи селективно објавува видео-снимки од инцидентот во кој, според неа, била физички нападната.

Арсовска тврди дека објавеното видео не ја прикажува целосната слика од нападот и дека клучните моменти – физичкиот напад од страна на, како што го нарекува, „командантот Барути“ – се изоставени.

„На видеово сами што го лиферувале МВР – Не им се гледаат БОКСОВИТЕ И ШАМАРИТЕ што ми ги удира командант Барути“, напиша таа во објавата.

Таа прашува зошто институциите ја прикажуваат како напаѓач, иако, според неа, јасно е дека се брани.

„Ама им се гледало дека се бранам?
Јас го напаѓам него или тој мене?
Јас се движам кон него или тој кон мене?
Се враќам чекор назад и се бранам“, вели Арсовска во својата реакција.

На крајот, упати и критика до припадниците и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ:

„Како не ви е срам, лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК!“

Од страна на Министерството за внатрешни работи сè уште нема официјална реакција на нејзините најнови тврдења.

Претходно дека градоначалничката на Скопје била нападната додека вршела службени дејствија, потврдија и од МВР.

-На 11.07.2025 во 12:15 часот, во СВР Скопје од страна на А.Ј. е пријавено дека при извршување работни задачи на улицата Кумбара физички била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот, по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош – се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад.

Тој вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.

Информира дека при составување на записникот и примање на пријавата од страна на Арсовска, како што посочи, таа станала и си заминала и не го потпишала записникот.

-Повторно само на Фејсбук парадираме, на социјални мрежи, а притоа таа не го потпишала записникот. И сега се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад. Би ја замолил да не бега од МВР, од институциите. Изразувам длабоко жалење и осудувам било каков напад без оглед кој е нападнат во ситуацијава. Оосбено осудувам напад врз жена, особено ако таа жена е избрана на избори и застапува градоначалник. Но да не случајно, излезе на крајот, сето ова, да не е едно добро смислено сценарио за политички циркуз, каде што жртвата ќе биде токму оној кој сторил физички напад, бидејќи добивам некои такви информации, не знам, претпоставувам, наведе Тошковски.

На прашањето дека Арсовска тврди дека на местото на инцидентот имало полциски службеници и биле сведоци на нападот и дали МВР ќе утврдува какви дејности преземале, Тошковски рече дека во целост ќе се утврди фактичката состојба.

-Не смееме да дозволиме никој да се чувствува небезбеден во Македонија, но и не смееме да дозволиме некој грубо да ја манипулира македонската јавност. Ова што се случи денеска од аспект на физичко насилство без оглед кој го презел, го осудувам и ќе бидат преземени сите дејствија во насока на расветлување. Доколку се утврди дека гледале и не презеле дејствија, ќе бидат спроведени во најбрза постапка. Јас се уште не сум видел ништо, но ме уверуваат дека фактичката состојба била многу поинаква од  тоа што е презентирано досега во јавноста. Известен е и јавен обвинител, а оние за кои што градоначалничката трвди дека ја нападнале се моментално во полициска станица и се постапува по наредба на јавен обинител, потенцира Тошковски.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АрсовскаМВРнапад

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk