ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција уапси над 200 мигранти кои нелегално влегле во земјата

July 21, 2025 09:32
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мигрантите, вкупно 247 лица, кои од либиското крајбрежје нелегално пристигнале во Грција се уапсени и префрлени во центри за притвор, информираше министерот за миграција и азил Танос Плеврис, мерка што се спроведува откако грчката Влада одлучи да ги замрзне барањата за азил доставени од барателите од северна Африка, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис преку платформата Икс информираше дека во тесна соработка со крајбрежната служба и полицијата, структурите на Министерството за миграција ги претвораат во затворени центри за притвор, каде што мигрантите ќе бидат притворени сѐ до нивното враќање назад.

– Пораката е јасна: не ги прифаќаме нивните барања за азил, ги апсиме, ги сместуваме во притвор во затворени структури, го започнуваме процесот на нивно враќање, напиша Плеврис.

Пред десет дена, грчкиот Парламент го изгласа амандманот што предвидува во следните три месеци да биде суспендирано поднесувањето барања за азил од лица од северна Африка, кои нелегално влегле во Грција со пловно средства, а без регистрација, ќе се враќаат или во земјата од која дошле или во земјата на потекло.

За конкретниот амандман, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис тогаш во изјава за германскиот весник „Билд“ истакна дека нивната порака е дека „Грција не е отворен коридор кон Европа“, изрази подготвеност тесно да соработуваат со либиските власти за да се спречат поаѓањата од Либија, но и додаде дека е потребен „унифициран европски одговор“.

Tags: Грцијамигрантиуапсени
Next Post
Кијив, 24-25 мај 2025 (фото извор: градските власти на Кијив)

Руските напади врз Кијив ноќва убија едно лице и предизвикаа пожари низ главниот град на Украина

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk