ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Брутална партизација на образованието пред избори

August 8, 2025 16:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани, Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите. Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Јованче Манасков од Комисијата за образование на СДСМ на прес-конференција.

Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои ни ги доставија свиркачи:

Соња Зашоска, советничка во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде унапредена во раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитет.

Таа е истата инспекторка која го заштити Бојан Христовски од АНБ и неговото незаконски стекнато образование.

Дали ова е награда за неа? Очигледно.

Понатаму, Валерија Анастасова, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, според истите информации од свиркачите, ќе биде унапредена во раководител на сектор за стручно-административни работи.

Христина Јованоска, сегашен инспектор, ќе биде поставена за помошник главен инспектор.

Јане Николоски, исто така кадар на ДПМНЕ, ќе биде назначен за помошник раководител на сектор за односи со јавност и превод.

Паралелно со ова, се распишува јавен оглас за нови вработувања во инспекторатот – исто така по партиска линија, се наведува на партиското соопштение.

Партизацијата на образованието е брутална, на сите можни нивоа и со незаконски огласи за вработувања.

Само во последните неколку дена, распишани се незаконски огласи за вкупно 123 работни места – наводно за образовни асистенти во училишта кои не се трансферирани во ресурсни центри.

Огласите се незаконски затоа што, според Законот за средно образование, само такви установи можат да вработуваат образовни асистенти, нагласуваат од СДСМ.

Незаконитостите не застануваат тука:

Интервјуата за дел од огласите започнале уште пред да истече рокот за пријавување. Постапките биле координирани од директорот на „Искра“, Марјан Арсов, од странство преку приватна Viber група.

Бараме:

– Итно да се поништат овие срамни огласи и незаконски унапредувања.

– Да се разрешат сите директори кои спровеле незаконска постапка.

– Да се запрат партиските вработувања и унапредувања.

Ова е срам за образованието, срам за институциите, срам за државата. Наместо квалитет и независност, добиваме партиска приватизација на институциите – на штета на учениците, наставниците и сите граѓани, соопштуваат од СДСМ.

Tags: СДСМ
Next Post

Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар

Најново

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

May 8, 2026

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

May 8, 2026

СДСМ ги гаси коментарите на социјалните мрежи

May 8, 2026

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk