ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Полицијата во Тирана ја опколи зградата на Њуз 24 и го исклучи сигналот, реагираше Здружението на новинари

August 9, 2025 15:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Албанија (AGSH) остро реагираше откако полицијата ги опколи канцелариите на телевизијата  News24, исклучувајќи го нејзиниот сигнал, како и весниците “Панорама” и “Газдата шчиптаре” оценувајќи  го настанот како неприфатлив чин и директна закана за слободата на печатот.

Според  здружението, блокадата на работните простории на новинарите претставува флагрантно кршење на основните принципи на демократијата и слободата на изразување, загарантирани со Уставот и меѓународните акти за човекови права.

„Полициската интервенција, која ја попречува работата на новинарите, е отворен притисок врз слободните медиуми“, се вели во реакцијата на здружението, при тоа повикувајќи ги државните институции веднаш да ја запрат оваа акција и да им го гарантираат пристапот на новинарите до нивното работно место.Исто така, апелира до локалните и меѓународните организации за слобода на изразување внимателно да ја следат ситуацијата и јавно да реагираат.

„Секој конфликт со приватните телевизии треба да се решава преку разбирање, а не со сила“, се заклучува во реакцијата.

За овој, како што го нарекуваат “чин без преседан против слободата на медиумите”  реагираа и БИРН, познати аналитичари и партиите од опозицијата.

Полицијата ја опколи зградата на „Њуз24“, насилно и без предупредување прекинувајќи го сигналот за емитување, а пристап им забранила на новинарите на редакциите на споменатите медиуми.

„Итно ги повикуваме политичките партии, граѓанското општество, медиумските организации и странските амбасади во Тирана веднаш да реагираат и да го спречат овој насилен чин, гарантирајќи итно враќање на радиодифузијата и целосно почитување на слободата на говорот, стои во реакцијата на телевизијата.

Полицијата ја опколила зградата на „Њуз24“, каде се редакциите и на весниците, без предупредување прекинувајќи го сигналот за емитување, забранувајќи им пристап на новинарите на споменатите медиуми.

Засега нема објаснување за причините за овој настан.

Tags: Албанијамедиуминовинариполиција
Next Post

Блумберг: Харвард се соочува со губење патенти вредни стотици милиони долари

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk