ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Делчево за кривичната пријава од МВР: Постапив согласно законот, нема злоупотреба при вработувањето

August 26, 2025 16:21
in ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски смета дека постапил согласно законот и оти нема злоупотреба при вработувањето административен службеник во 2018 година, за што денеска му беше поднесена кривична пријава.

-Селекцијата на кандидатите по јавниот оглас не ја врши општината, туку исклучиво Агенцијата за администрација преку Комисија формирана со решение на директорот. Таа комисија ја води целата постапка – од административната селекција, преку испитот и проверката на доставените докази, до интервјуто. По завршувањето на сите фази, јас сум законски обврзан да го изберам прворангираниот кандидат, истакна Трајковски.

Тој објасни дека во конкретниот случај, избраното лице било единствен и прворангиран кандидат, по што градоначалникот донел Одлука за избор и Решение за вработување, во целост почитувајќи ја законската процедура. Градоначалникот потенцираше дека нема законска обврска лично да врши увид во доставената документација, бидејќи таа надлежност и одговорност ја има исклучиво комисијата на Агенцијата за администрација.

-Сакам да нагласам дека нема никаква злоупотреба на службената положба. Постапив во согласност со законот и врз основа на завршената селекција спроведена од Агенцијата за администрација, додаде Трајковски.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски (54), поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата, Трајковски во 2018 година донел незаконска одлука за вработување на кандидат кој веќе ги исполнувал условите за пензионирање, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна користод 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.

Поврзано:

Кривична пријава против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службена положба

Next Post

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk