ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ со жестоки обвинувања кон Димитриевски: Неговите изјави за „Бадентер“ се дел од кампања за рушење на Охридскиот договор

August 30, 2025 10:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашните изјави на Максим Димитриевски против Бадентеровото мнозинство претставуваат продолжение на оркестрирана кампања на оваа влада и нејзините партнери за рушење на темелите на Охридскиот мировен договор и враќање на државата назад – во неправда и исклучување, истакнува ДУИ во соопштение.

„Од првиот ден на мандатот, владата ги нападна столбовите на еднаквоста:
• Го укина балансерот и го поткопа правичното претставување на Албанците и другите заедници во државните институции;
• Го девалвираше Охридскиот мировен договор доверувајќи ја неговата имплементација на Иван Стоилковиќ – личност со добро познати антиалбански и путинистички убедувања;
• На противуставен и противзаконски начин ја избриша дијаспората од пресметките, оштетувајќи го претставувањето во општинските совети во областите со албанско мнозинство;
• Ги намали Албанците во официјалните пресметки и молчеше пред отворената дискриминација;
• Го девалвираше Инспекторатот за употреба на јазиците одземајќи му го статусот на правно лице, минимизирајќи ја неговата улога и изедначувајќи го со обичен сектор во Министерството за правда;
• Ја претвори Агенцијата за примена на јазиците во нефункционална институција, без никаква реална улога, покрај тоа што Стоилковиќ ги презеде нејзините простории.

Денес, Димитриевски отвора нов фронт против Бадентеровото мнозинство – уставниот механизам што гарантира еднаквост и стабилност во државата. Не треба да се заборави дека ова е истиот политичар кој им го забрани користењето на албанското знаме на претставниците на ВРЕДИ, а денес се обидува да го релативизира Охридскиот мировен договор, нарекувајќи го „исполнет“ и „надминат“.

Ова не е случајност, ова е продолжение на програмата на ВМРО, која пред изборите отворено најави мерки против мултиетничноста и Охридскиот мировен договор. Во истата линија беше и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за целосно укинување на Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд. Нивните денешни партнери едноставно ја спроведуваат таа агенда.

Но октомври е близу. Народот ќе зборува гласно на народниот референдум и ќе покаже дека Охридскиот мировен договор не смее да се допира, дека достоинството на Албанците не се преговара и дека секој обид за исклучување и понижување ќе биде жестоко казнет“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски прашан за коментар за изјавата на министерот за правда Игор Филков дека Бадентеровото мнозинство се злоупотребува и оти можеби е време за негово ревидирање, истакна дека Бадентеровото правило во одредени моменти ја доведува во прашање функционалноста на државата.

– Изјавата на министерот Филков се однесува исклучиво за функционалноста на Бадентеровото правило. За нас како политички субјект, Рамковниот договор е завршена работа, апсолвирана и тој во целост е исполнет и реализиран. Но факт е дека во одредени моменти правилото на Бадентер ја доведува во прашање функционалноста на државата и тоа веќе со потврда ќе го имаме по завршувањето на локалните избори, рече Димитриевски.

Тој подвлече дека партијата го поддржува Рамковниот договор и оти е во целост исполнет, но одредени политички субјекти го злоупотребуваат Бадентеровото мнозинство.

Поврзано:

ЗНАМ за ревизија на Бадентер: Максим Димитриевски ја поддржа изјавата на министерот Филков

Tags: БадентерДУИМаксим Димитриевски
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk