ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025 09:49
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка.

„За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“.

Како што пренесува МИА, синоќа беше воведена вонредна состојба во подгоричката населба Забјело, каде што полицијата спроведе рации откако синоќа во таа населба беше претепан и избоден жител на Подгорица, М. Ј., додека од друга страна, бројни жители на таа населба, револтирани од синоќешниот чин на насилство, се собраа и во неколку наврати извикуваа навредливи пароли против Турците.

На местото на настанот беа голем број полицајци и инспектори, а беа контролирани неколку локации во тој дел од градот.

Репортер на Телевизија Вијести објави дека тројца турски државјани дури се забарикадирале во казино откако, според очевидци, група мештани се обиделе физички да се соочат со нив. По изнесувањето од казиното, полицијата привела двајца турски државјани, а според неофицијални информации, еден од нив е осомничен дека е вмешан во синоќешниот напад.

Полицијата во Подгорица ги уапси државјанинот на Азербејџан Ј.Г. (31) и турскиот државјанин Н.Д. (54), осомничени дека го повредиле М.Ј. во Забјело, Подгорица. Тие се осомничени за кривично дело насилно однесување, пренесува Вијести.

Во соопштението на Полициската управа се наведува дека синоќа во просториите на Одделот за безбедност во Подгорица биле донесени 45 лица – државјани на Турција и Азербејџан, кои биле предмет на кривична обработка, како и проверки во врска со законитоста на нивниот престој на територијата на Црна Гора.

Полициската управа апелираше до граѓаните да останат достоинствени, да не подлегнуваат на емоции или повици за линч.

М. Д. / Цивил Медиа

Tags: безвизниот режимТурцијаЦрна Гора
Next Post
Скриншот

ОН: Стотици илјади цивили заробени и преплашени поради ескалацијата на борбите во Ел Фашер, Судан

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk