ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025 10:48
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Изет Меџити – еден од лидерит на ВЛЕН посочи дека кај политичкиот субјект ДУИ (Национална алијанса за интеграција) веќе се случуваат процеси на распаѓање, откако според него очекувањата за поголем резултат по заминувањето на Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН не се остварија.

– Процесот веќе започна, бидејќи во ДУИ (НАИ) не го очекуваа овој резултат. … Сега кај нив нема чувство на пораз, туку чувство на изгубена надеж, изјави Меџити.

Според него, НАИ погрешно сметале дека по „раскинувањето“ со Таравари ќе ја задржи големината на изборните позиции, но анкетираната поддршка веќе се движи кон ВЛЕН – што, според Меџити, означува дека „НАИ ќе се распадне и ќе има нови политички движења“.

„За жал, по овој тежок пораз, мислам дека ДУИ оди по патот на феноменот ПДП – во слободен пад“ – рече Меџити.

Меџити, не ја исклучи можноста дел од политичарите на НАИ да станат дел од Владата. Тој потврди дека постои комуникација меѓу различни политички страни и дека моментално „политичката сцена е целосно измешана“.

– Не негирам. Може и да биде, изјави Меџити, одговарајќи на прашањето дали има разговори за влез на луѓе од НАИ во Владата.

Тој додаде дека во политичкиот блок имало многу турбуленции пред да се формираат двата главни табора, и најави дека процесите сè уште не се завршени:

„Комуницираме. Политичката сцена е толку измешана, имаше многу турбуленции додека се формираа двата табора. И мислам дека ќе има уште турбуленции.“

Од друга страна, Зијадин Села, остро реагираше на изјавата на Изет Меџити, кој претходно изјави дека политичари од НАИ би можеле да станат дел од Владата и дека постои комуникација меѓу политичките страни.

Во објава на својот профил на Фејсбук, Села категорично одби дека има било каква комуникација со Меџити и порача дека никогаш нема да биде дел од оние кои сакаат да ги поништат правата на Албанците.

Тој додаде дека успехот во политиката го мери според тоа колку придонел Албанците да бидат порамноправни, а не според власта или позициите.

„Ќе имаме работа заедно во парламентот со вас и со ВМРО. Како и секогаш – власта од едната страна, а јас од другата. Не рамо до рамо, туку лице в лице!“

Фронтлајн, од доверливи партиски извори блиски до Зијадин Села, дознава дека и покрај правната битка за зачувување на Алијансата за Албанците, тој работи на консолидирање на нов субјект со името „Албански сојуз“ со цел да има правна основа за следните избори за кандидатури и други правни предности што ги имаат политичките субјекти. Но, истиот извор додава дека патот и понатаму продолжува со Националната Алијанса за Интеграција.

Според официјални податоци од Централниот регистар, новата партија „Албански сојуз“ е формирана на 3-ти септември 2025 година, со седиште во скопската населба Чаир, а Таравари останува во епицентарот на контроверзии околу управувањето и легалитетот на Алијансата за Албанците.

Иако новоформираниот политички субјект се претставува како техничка операција за користење на законски можности, јасно е дека расколот во Алијансата продолжува да ја разединува партијата. Изворите блиски до Села нагласуваат дека Таравари и неговите соработници покажале неконзистентност и недостиг на визија, што резултираше со повторно судско разгледување за легалитетот на печатот на АА.

Додека Села инсистира дека Алијансата за Албанците останува единствена и легална под негово водство, Таравари пак, јавно посакуваше „успех и здравје“ на новата партија и избегнува директна конфронтација, што според аналитичарите, открива стратегија на избегнување одговорност и маневрирање за лична политичка корист.

Континуираното судско враќање на предметите за печатот и брендот на АА покажува дека Таравари не се откажува од својот дел во партијата, но истовремено не обезбедува стабилност и јасност, оставајќи простор за нови кризи и фракционирање.

Арбен Таравари на локалните избори повторно покажа дека нема контрола дури ни врз сопствената структура. Коалицијата со ДУИ под силата на Националата Алијанса за Интеграција му донесе порази на кандидатите што ги предложи во Сарај и Теарце. Во Гостивар и Врапчиште не се постигна цензус, па ќе се повтори целосното гласање.

Очигледно е дека стратегијата на Таравари не функционира и ја поткопува довербата на гласачите. Неговиот личен политички проект не може да обезбеди стабилност ниту успех.

Tags: ВЛЕНДУИизбориНАИСелаТаравари
Next Post

Отворање на изложбата „Современа скулптура"

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk