ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХИБРИДНИ ЗАКАНИ

Руската сенка над Балканот, Северна Македонија меѓу првите цели

November 21, 2025 14:55
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Русија, Западен Балкан, хибридна војна

Фото: Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Руското влијание на Западен Балкан се префрли од класични геополитички механизми кон долгорочна хибридна стратегија, насочена кон политичка дестабилизација, ерозија на институциите и забавување на евро-атлантската интеграција. Тоа го покажуваат анализите на Европскиот парламент, Freedom House и најновиот извештај за рано предупредување на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Според Европскиот парламент, Москва веќе не се потпира на традиционална „тврдa моќ“, туку на широко распослана мрежа од медиумски операции, политички партнери, религиски структури и економски интереси. Целта е да се искористат постоечките слабости на државите од регионот – поларизација, нерешени спорови и кревки институции – и да се создадат услови за трајна нестабилност. Русија, наведува извештајот, „не гради системи, туку ги користи туѓите пукнатини“.

Северна Македонија, според Freedom House – Nations in Transit 2024, останува во категоријата „хибриден режим“ со сериозни демократски предизвици. Политичка поларизација, партизирани институции, ограничена независност на медиумите и корупциски ризици ја прават земјата особено подложна на надворешни дезинформациски и политички влијанија. Според извештајот, системот е заглавен во „циклични периоди на застој и назадување“, што го забавува европскиот процес.

Најсилниот механизам на руското присуство во регионот е медиумскиот апарат концентриран во Србија. Таму, провладините таблоиди, националните телевизии и мрежата на портали блиски до Sputnik и RT Balkan пласираат силна анти-ЕУ и анти-НАТО реторика. Овие содржини потоа се пренесуваат и во медиумите во соседството, вклучително и во Северна Македонија. Во домашниот онлајн-простор се рециклираат наративи што го поткопуваат довербата во евроинтеграциите и ја продлабочуваат меѓуетничката и политичката поларизација.

Србија се издвојува како најголем регионален хаб за ширење на руското влијание. Владината политика на „стратешка двојност“ – формална ориентација кон ЕУ, паралелно со силни односи со Москва – создава амбиент во кој руските пораки лесно циркулираат. Дополнителна улога има Српската православна црква, која преку својата регионална инфраструктура пренесува наративи за „традиција“, „суверенитет“ и „безбедносна неутралност“.

Босна и Херцеговина е оценета како најранлива точка. Република Српска со години генерира институционални блокади и сепаратистички пораки. Политиките на Милорад Додик, поддржани од Москва, ја држат земјата во трајна криза. Целта, повикувајќи се на анализите, не е распад, туку постепена ерозија на функционалноста, со што се блокира напредокот кон НАТО и ЕУ.

Косово, иако без директно руско присуство, е ранливо на брзи ескалации преку дезинформациски мрежи и паралелни структури на северот. Една кампања со лажни вести може „за неколку часа да предизвика криза на терен“, предупредуваат експертите.

Северна Македонија, Црна Гора и Албанија претставуваат три различни модели на изложеност. Северна Македонија е погодена преку политички партии, медиуми и онлајн-платформи што шират антизападни или проруски ставови, најчесто поврзани со НАТО, идентитетските прашања и меѓуетничките односи. Црна Гора се соочува со силни идентитетски поделби и религиски влијанија, додека Албанија е отпорна, но подложна на „увезени“ регионални дезинформации.

Според анализата, следните шест месеци се оценети како период со зголемен ризик за нов бран дезинформации, тактички инциденти во Косово, микро-кризи во Босна и политички притисоци во Црна Гора. Секој нов потрес дополнително ја зајакнува регионалната улога на Србија како политички посредник – позиција што индиректно го засилува и руското влијание.

Овие наоди произлегуваат од документите на Европскиот парламент „Russia’s Influence in the Western Balkans“, Freedom House – „Nations in Transit 2024“, како и од најновиот Извештај за рано предупредување на ЦИВИЛ – Центар за слобода, објавен на меѓународната платформа Civil.Today.

Дестан Јонузи

Tags: ЕУрегионРусијаруски хибридни закани
Next Post
Фото: Индекс.хр

Полицијата со детали: Двајца 18-годишници обвинети за пожарот во зградата на „Вјесник“

НАЈНОВО

Зеленски: „Украина е пред најтешкиот избор – достоинство или губење на клучен партнер“

November 21, 2025

УНИЦЕФ: Од почетокот на прекинот на огнот во Газа убиени се 67 деца

November 21, 2025
Украина. Фодо: Скриншот од видео на Зеленски

Берлин, Париз и Лондон со заедничка порака: Мировен договор за Украина само со согласност на европските партнери

November 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Дуа Липа снимена во бикини покрај базен во Рио де Жанеиро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Персоналот на Меган Маркл мора да ја најавува со целата титула кога влегува во просторија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Која е Фатима Бош, новата Мис Универзум што ја разниша сцената?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обилни дождови ја погодија Грција: Поплави и големи штети на Крф и во Јанина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk