ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХИБРИДНИ ЗАКАНИ

Србија е каналот, Северна Македонија е целта на руските хибридни напади

November 22, 2025 08:30
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Руското влијание на Балканот во последната деценија добива поагресивни и подискретни форми, насочени кон политичка дестабилизација, создавање недоверба во институциите и слабеење на европските интеграции. За „Фронтлајн“ своите процени ги споделуваат професорот по безбедност Владимир Пивоваров и аналитичарот Селим Ибраими од ISSD Македонија.

Владимир Пивоваров

Професорот и експерт по безбедност, Владимир Пивоваров, во изјава за Фронтлајн вели дека руското влијание на Балканот е присутно со години и се манифестира во различни форми, и во минатото и денес. Според него, ваквите активности произлегуваат од стратешките и геополитичките интереси на Москва.

– Рускитр влијанија на Балканот се евидентни во предходниот период низ повеќе облици во минатото и сега. Целта и обидите за вакво нивно влијание е пред се од нивните стратешки и геополитички определби. Последнава деценија се позастапени се нивните хибридни закани кон земјите од Балканот преку пласирање на лажни информации во мас медиумите, политичките партии со единствена цел креирање на јавното мнение кај луѓето. Влијанието преку политички партии е најизразено во Бугарија каде што одредени пратеници во нивното собрание јавно ги артикулираат ставовите кои ги застапува Москва, истакнува Пивоваров.

Според Пивоваров, долгото чекање на Северна Македонија за напредок кон ЕУ создава простор за евро-скептицизам кај дел од граѓаните, што пак го олеснува влијанието на надворешни актери.

– Пред сè пратениците ги негираат вредностите на ЕУ и на тој начин се обидуваат да креираат јавно мнение. Во нашиот парламент немаме вакви појави но истите ги имаме во вонпарламентарните партии. Долгото чекање за влез во ЕУ на нашата држава остава простор за ЕУ скептицизам на нашите граѓани. На овој начин тие прават обиди за се поголемото незадоволство а засега нашата политика цврсто опстојува на патот кон ЕУ, анализира нашиот соговорник.

Сепак, тој нагласува дека засега домашната политика цврсто опстојува на европскиот пат и оти руските интереси во земјата немаат реални резултати.

– Ова не значи дека во иднина токму хибридните закани за креирање на јавното мнение на подолг временски период ке опстојат. Освен за нас ова е и предизвик за ЕУ. Многу земји во светот пред се во Латинска Америка каде беа применети и други видови на влијанија како што се економски и воени подлегнаа на таквите притисоци. Сега за сега нема остварување на нивните цели и интереси во нашата земја, вели Пивоваров.

Селим Ибраими

Аналитичарот Селим Ибраими од ISSD Македонија вели дека руската политика во регионот не е новост, но дека домашните политички околности го зголемуваат просторот за надворешно влијание.

– Не е нешто ново оваа руска политика, особено сега кога владата во Скопје не прави ништо околу евроинтеграциите, просторот за влијание на онлајн мрежите или пошироко е поголем. Во конкретниот случај, самите внатрешни фактори придонесуваат за одржување во живот на Русија и Српскиот свет во Северна Македонија, изјави Ибраими за Фронтлајн.

Ибраими додава дека Србија веќе повеќе од една година ја интензивира оваа политика, особено преку медиумите:

„Би рекол дека повеќе од една година, Србија ја шири оваа политика заедно со онлајн медиумите во Северна Македонија. И Русија и Србија секогаш ги користат одредените моменти или блокади за да интервенираат.“

Тој нагласува дека Северна Македонија е особено податлива за вакви влијанија поради културната поврзаност со регионот:

„Северна Македонија е погодна земја, бидејќи е дел од ист систем на култура и повеќе.“

Руското влијание на Западен Балкан, според меѓународните анализи, се префрли од класични геополитички методи кон долгорочни хибридни операции. Во нив се вклучени медиумски мрежи во Србија, политички партнери во повеќе држави, религиски структури, економски врски и кампании за дезинформации.

Европскиот парламент предупредува дека Москва „не гради системи, туку ги користи туѓите пукнатини“, фокусирајќи се на поларизација, нерешени спорови и слабости во институциите. Freedom House ја класифицира Северна Македонија како „хибриден режим“, ранлив на надворешни влијанија поради политичката поларизација, недоволната независност на медиумите и високите корупциски ризици. ЦИВИЛ – Центар за слобода го објави најновиот Извештај за рано предупредување посветен на хибридната стратегија на Русија во Западен Балкан.

Србија останува најсилната регионална точка за ширење на руското влијание, со медиумски и политички механизми кои продуцираат анти-ЕУ и анти-НАТО наративи. Босна и Херцеговина, особено Република Српска, е оценета како најранлива, а Косово како простор каде дезинформациите може за неколку часа да предизвикаат криза.

Северна Македонија, Црна Гора и Албанија се изложени на различни модели на влијание: преку политички партии, идентитетски прашања, религиски структури или онлајн-простори.

Руското влијание на Западен Балкан се засилува преку хибридни операции што ги користат слабостите на државите – поларизацијата, нерешените спорови и кревките институции. Медиумските мрежи во Србија се клучен канал за ширење проруски и антизападни наративи кон целиот регион, вклучително и Северна Македонија. Според меѓународните извештаи, земјава останува ранлива поради политичката нестабилност, корупциските ризици и застојот во евроинтеграциите. Анализите предупредуваат дека следните месеци може да донесат нов бран дезинформации и политички притисоци, со што Србија дополнително ја зајакнува својата регионална улога – а индиректно и влијанието на Москва.

Дестан Јонузи

Tags: Владимир Пивовароврегионруски хибридни заканиСелим Ибраими
Next Post
Скриншот

Што изјавува Трамп за судии во САД: „Корумпиран“, „лев лудак“, „непријателски судии“, „расипан судија“, „корумпирани судии на длабоката држава“!

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk