ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта ги повикува европските лидери: Итна акција за финансирање на Украина и дискусија за идните чекори на проширувањето

December 9, 2025 13:24
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Украина и безбедноста на нашиот континент и Повеќегодишната финансиска рамка на Европската Унија за 2028-2034 година, ќе бидат двете приоритетен прашања во фокусот на дискусиите на Самитот на ЕУ на 18 и 19 декември, наведува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во поканата до шефовите на држави или влади на членките на Унијата за нивно учество на состанокот во Брисел.

Актуелниот геополитички контекст ја истакнува важноста на проширувањето како најважна геостратешка инвестиција на ЕУ во мир, безбедност, стабилност и просперитет. Преку пристапот базиран на заслуги, реформските процеси имаат длабоко трансформативен ефект во земјите кандидати за членство, наведува Кошта во поканата, потенцирајќи дека ден пред средбата на европските лидери, на 17 декември, ќе се одржи и Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Кошта наведува дека со оглед на напредокот што некои земји кандидати за членство во ЕУ го постигнаа на нивниот пристапен пат, дел од нив „можеби ќе ги исполнат потребните услови за да се приклучат кон Европската Унија во не толку далечна иднина“.

Декемврискиот состанок на Европскиот совет ќе биде навремена можност да разговараме за идните чекори, вели Кошта.

Тој потенцира дека декемврискиот Самит на ЕУ ќе започне со дискусија за Украина во услови кога „неодамнешните случувања“ ја истакнуваат потребата од итна акција од страна на Унијата.

На октомврискиот Европски совет се обврзавме да ги покриеме итните финансиски потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за нејзините воени и одбранбени напори. На нашиот следен состанок треба да одлучиме, врз основа на тековната подготвителна работа, како да ја спроведеме таа обврска, наведува Кошта.

Тој додава дека во исто време во тек се и „дипломатските напори за постигнување праведен и траен мир во Украина“, па во тој контекст лидерите ќе разговараат како „најдобро да продолжат да ги бранат интересите на Европа“ и како да биде зајакната преговарачката позиција на Украина.

Важен дел од таа равенка треба да биде зголемениот притисок врз Русија, додава Кошта, најавувајќи дека на почетокот на дебатата за Украина лидерите ќе имаат можност да се слушнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претседателот на Европскиот совет во поканата нагласува и дека покрај за Украина, лидерите да се фокусираат на следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година.

Со нашите дискусии ќе се направи преглед на досегашниот напредок и ќе се дадат насоки за следната фаза од преговорите. Ќе биде потребна интензивна работа со цел до крајот на 2026 година да се постигне договор за следниот мултигодишен финансиски буџет и неговото финансирање, наведува Кошта.

Според него, важно е да се почитува оваа временска рамка, бидејќи на тој начин ќе ѝ се овозможи на Унијата да ги има новите програми за финансирање уште од почетокот на 2028 година, а во исто време ќе се покаже дека „во свет обележан со непредвидливост, Европската Унија е во состојба да одлучува навремено и разумно при дефинирањето на буџетските основи за своето дејствување“.

Исто така, би сакал да размениме мислења за геоекономската ситуација и нејзините импликации врз конкурентноста на ЕУ. Европската конкурентност не постои во вакуум. Важно е да разговараме за притисоците, но и за можностите што се појавуваат во свет обележан со растечка геоекономска конкуренција и во кој економските односи засновани на правила и традиционалните партнерства повеќе не можат да се земаат здраво за готово, наведува Кошта.

Оттаму според него, во рамки на тековни дискусии за агендата за европската конкурентност треба да се разгледа како ЕУ најдобро може да се одбрани од надворешни економски и политички притисоци, како да ја забрзаа диверзификација на трговијата и како да го стекне потребниот степен на стратешка автономија за да овозможи нејзините економии да останат конкурентни.

-Ситуацијата на Блискиот Исток бара наше континуирано внимание. Усвојувањето на Резолуцијата 2803 на Советот за безбедност на ОН нуди можност за напредок кон мир. Европската Унија има улога во придонесот кон целосното спроведување на прекинот на огнот во Газа и во обезбедувањето дека овој процес ќе остане на патот кон сеопфатен, праведен и траен мир заснован на решението за две држави, додава Кошта.

Тој наведува дека на Самитот ќе биде направен и преглед на спроведувањето на претходните одлуки за европската одбрана и безбедност, насочени кон „решително зголемување на одбранбената подготвеност на Европа до 2030 година“.

Неодамнешните настани покажуваат дека Русија и Белорусија ја интензивираа својата хибридна кампања во Европа. Ова нè потсетува дека треба да ги забрзаме напорите во сите насоки кон нашата одбранбена подготвеност, вели Кошта во поканата.

Покрај ова, според него, согласно вообичаената вообичаена практика, на состанокот ќе биде разгледан и напредокот во спроведувањето на заклучоци од претходните самити поврзани со миграцијата, при што Европската комисија ќе поднесе извештај за актуелните случувања во оваа област.

-Како и секогаш, ќе се потрудам нашиот состанок да се одржи на еден ден. Но, мојот главен приоритет е да ги исполнам важните одлуки што мора да се донесат, пред сè за финансирањето на Украина. Со нетрпение очекувам да ве видам во Брисел, додава Кошта во поканата до лидерите на ЕУ за учество на Самитот закажан за следната недела.

Tags: ЕУКоштаУкраина
Next Post

ФЗОМ бара јасно насочување на пациентите и рационализација на испитувањата

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk