ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни каква е поврзаноста на фирмата од „денешната бомба“ со Миле Јанакиески

December 17, 2025 18:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ денеска побара јасни одговори од ВМРО-ДПМНЕ за, како што наведуваат, сомнителната поврзаност меѓу фирма што во краток период добила високи суми од државни тендери и поранешниот функционер Миле Јанакиески.

„Фирма со само тројца вработени добила 1,2 милиони евра од тендери во период од само два месеца. Ова е фактот од кој ВМРО-ДПМНЕ не може да избега“, порачаа од СДСМ.

Од партијата тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доведува јавноста во заблуда со обид да ја пренасочи темата кон друга фирма.

„Фирмата што денеска ја објавивме во новата бомба е основана на 8 јуни 2023 година. Тоа е проверлив податок и за тоа постои документ“, наведуваат од СДСМ.

Во реакцијата се посочува дека фирмата која ВМРО-ДПМНЕ ја споменува во своите одговори, всушност, нема врска со актуелните обвинувања.

„Втората фирма за која говори ВМРО-ДПМНЕ е стара фирма на студентот на Мицкоски. Наместо да манипулираат со податоци за заработени две илјади евра во минатото, нека кажат каква е поврзаноста на фирмата од бомбата со сопругата на Миле Јанакиески“, потенцираат од СДСМ.

Според опозициската партија, клучниот период за растот на фирмата поврзана со студентот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е од јуни 2024 до август 2025 година.

„Во тој период фирмата заработила околу 25 милиони денари од тендери. Тоа е суштинското прашање“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата дополнително прашуваат како е можно, во областа на информатичките технологии, токму оваа фирма да биде единствениот субјект што добил договор вреден 1,2 милиони евра за, како што велат, ‘напредна заштита’ на Владата.

„Ова не е прашање за ИТ-експертиза, туку прашање за пари и бизниси. АКТ знае сè. Работата не е завршена и сите ќе одговараат“, порачуваат од СДСМ.

Претходно Владата ги отфрли како целосно неосновани и неточни обвинувањата што денеска ги изнесе СДСМ на прес-конференција, оценувајќи дека станува збор за груба клевета и свесна политичка конструкција без фактичка основа.

Tags: ВМРО-ДПМНЕСДСМ
Next Post
Фото: Скриншот

„На крајот – тоа е негова одлука“: ЕУ за одлуката на Вучиќ Србија да не присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk