ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Михаела Бентхаус – Прва личност во инвалидска количка што отпатува во вселената

December 20, 2025 20:45
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Бентаус позира пред нејзиниот историски лет во вселената. Фото скриншот, Блу ​​Ориџин

Бентаус позира пред нејзиниот историски лет во вселената. Фото скриншот, Блу ​​Ориџин

Share on FacebookShare on Twitter

Михаела Бентхаус, 33-годишна германска инженерка за аеронаутика и мехатроника во Европската вселенска агенција (ESA), стана првата личност во инвалидска количка што отпатувала во вселената, откако го премина т.н. Карманов праг – границата што се смета за почеток на вселената, на височина од 100 километри над морското ниво, објави CNN.

Историскиот лет беше изведен во саботата наутро со ракетата New Shepard на компанијата Blue Origin, која полета од лансирниот комплекс во близина на Ван Хорн, Тексас. Мисијата, означена како NS-37, е 16-та суборбитална туристичка мисија на компанијата основана од Џеф Безос, чија цел е проширување на пристапот до вселената и надвор од традиционалниот профил на астронаути.

„Секогаш сакав да одам во вселената, но никогаш не мислев дека тоа навистина може да ми се случи“, изјави Бентхаус за CNN пред летот.

Таа признава дека долго време се прашувала дали нејзиниот инвалидитет претставува непремостлива пречка. „Мислев – можеби вселената е за луѓе со ампутирана нога кои сепак можат да одат, но повреда на ’рбетниот мозок можеби е премногу“, раскажа таа.

Бентхаус е страствена авантуристка, која во 2018 година доживеала тешка повреда на ’рбетниот мозок при планински велосипедизам. По несреќата, таа ја насочила својата енергија кон инженерството и истражувањето, фокусирајќи се на предизвици што може да ги совлада користејќи инвалидска количка.

Летот со New Shepard траеше околу десет минути. Ракетата ги забрза патниците на повеќе од трипати поголема брзина од звукот, носејќи ја капсулата над Кармановата линија, каде што екипажот доби неколку минути бестежинска состојба.

Во интервју за CNN, Бентхаус откри дека планирала да користи специјален ремен за да ги стабилизира нозете додека се одврзува од седиштето и ја доживува микрогравитацијата, како и погледот кон Земјата од вселената.

Иако веќе имала искуство со микрогравитација за време на параболичен лет со авион, таа вели дека овојпат нејзиниот фокус бил повеќе на панорамскиот поглед, отколку на движењето низ кабината.

Бентхаус истакнува дека нејзиното искуство нема да заврши со овој лет – таа има намера да го искористи стекнатото знаење за да помогне во подобрување на условите и пристапноста за идни вселенски патници со слични физички предизвици.

Редакција Фронтлајн

Tags: вселенаинвалидска количкаМихаела Бентхаус
Next Post

Три чаеви за природно прочистување на белите дробови од загадениот воздух

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk