Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатира прекршување на Изборниот законик од страна на четири медиуми за време на последниот изборен процес. По детално следење, е потврдено дека: МРТ 1, МРТ 2, 24 Вести и ТВ Алфа го прекршиле членот 76-б од Изборниот законик.
Според Агенцијата, овие медиуми не ја почитувале забраната за изборно медиумско претставување во време кога се строго забранети сите видови известувања што може да влијае на гласачите. Според последните извештаи од мониторингот, станува збор за прекршување на изборниот молк за време на повторените локални избори на 11 јануари. Агенцијата посочи дека четирите телевизии со национална и регионална фреквенција го прекршиле Изборниот законик. Се очекува овој извештај од мониторингот да биде проследен со соодветни законски мерки предвидени со Изборниот законик.





