ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Муцунски најавува позитивни изненадувања за визниот режим со САД во следните шест месеци

January 15, 2026 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за студенти, стопанственици, туристи и слично, појасни денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

По средбата со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарски прашања во врска со одлуката на Стејт департментот за привремено замрзнување на процесот за издавање имигрантски визи за 75 земји, меѓу кои и за Македонија, тој истакна дека се работи за пауза за постапки поврзани со иселеничките визи.

– Не прекин, не црна листа, туку пауза за постапки за иселеничките визи. Ова не влијае на сите други постапки за издавање визи за САД. Доколку сте стопанственик што сака да патува во САД, слободно ќе може да си аплицирате за виза – истакна Муцунски нагласувајќи дека тоа важи и за студенти, туристи.

Тој посочи дека се во комуникација со Амбасадата на САД во Скопје, и оти македонската Амбасада во Вашингтон комуницира со американскиот Стејт департмент и согласно информациите најмал број апликации кои што ги има од наши државјани се за тој тип визи и генерално се работело за граѓани од повозрасна категорија.

– Оставете малку на времето и нашата комуникација, на фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер и она што можам да го кажам е дека во следниот период, па можеби во следните шест месеци дополнително позитивно ќе се изненадите од тоа што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава. Односно да почнеме да затвараме прашања кои 20 години се обидувавме да ги затвориме – рече Муцунски.

Повтори дека приоритети за земјава се бизнисот, науката, туризмот, студентите, а одлуката на визниот режим на САД не влијае врз нив.

– Ова влијае единствено на иселенички визи кои се во најмал обем во делот на апликации од нашата држава за визи кон САД. Ние со САД имаме таков однос да сите прашања од ваков тип ги решаваме, а тоа го видовте посебно во делот на тарифите имаме меѓу најдобрите тарифни рати не само во Европа, туку и пошироко и очекуваме по нашите дискусии во слендиот период да добиеме уште подобри услови – нагласи Муцунски.

Македонија меѓу 75 земји за кои САД ја суспендираат обработката на иселенички визи

Стејт департментот ја паузира обработката на иселенички визи за 75 земји во обид да се справи со апликантите за кои се смета дека веројатно ќе станат јавен товар, пишува Фокс њуз.

Меморандум на Стејт департментот, кој првпат го виде „Фокс њуз диџитал“, им наложува на конзуларните службеници да одбијат визи според постојниот закон, додека одделот ги преиспитува процедурите за проверка.

Според објавата на Фокс њуз, Македонија се наоѓа меѓу 75 земји за кои Соединетите Американски Држави ќе ја суспендираат обработката на барањата за имигрантски визи. На листата се вклучени и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Next Post

Фрчкоски: Суспендирани визи од САД - периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

Shortcut

Најново

Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk