ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Кои земји во Европа се најатрактивни за вработување – каде е Македонија

January 23, 2026 07:30
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Данска, Швајцарија и Ирска се издвојуваат како најатрактивни европски дестинации за вработување за компаниите што бараат кадар, покажува нова анализа на Conference Board – глобален истражувачки тинк-тенк со седиште во САД.

Истражувањето доаѓа во контекст во кој Европа редовно се позиционира како една од најпривлечните региони за инвестиции: странските директни инвестиции во Европската унија достигнуваат речиси 10 трилиони евра, што го прави ЕУ најголемиот единствен пазар во светот според бројот на потрошувачи.

Зошто Данска е број еден

Според извештајот, Данска е најдобро рангирана благодарение на комбинацијата од високо развиен систем на вештини, силна деловна култура и релативно умерени трошоци за работна сила. Овие фактори ја прават земјата најпривлечно „ловиште“ за компании што сакаат да се прошират или да отворат нови операции во Европа.

Топ 10 листата е доминирана од земји од северна Европа, како и од помали, но економски силни држави, кои се истакнуваат по приспособливост, дигитални капацитети и квалитет на работната сила. Секоја категорија во студијата се оценува со максимум 100 поени.

Швајцарија: совршени вештини, високи трошоци

Швајцарија е на второто место и е единствената земја што добила максимални 100 поени во категоријата талент и вештини. Сепак, високите трошоци за живот и работа остануваат сериозна пречка за компаниите што размислуваат за вработување таму.

Германија под притисок од демографија и трошоци

Германија е единствената земја од Г7 што се најде во топ 10, но извештајот укажува на сериозни структурни проблеми. Демографскиот пад на економски активното население го загрозува снабдувањето со работна сила, додека трошоците за труд растат, а дигиталната трансформација оди бавно.

Особено загрижувачки е нискиот резултат за конкурентност на работната сила – само 25 поени, што е втор најлош резултат меѓу 20-те најдобро рангирани земји, веднаш по Португалија.

Обединетото Кралство: флексибилно, но ограничено

Обединетото Кралство е на 12. место. Земјата сè уште е погодена од регулаторна неизвесност по Брегзит и нерамномерни регионални инвестиции.

Сепак, истражувачите посочуваат дека пазарот на труд останува релативно флексибилен, со динамично отворање работни места и силен услужен сектор, потпомогнат од стабилна база на таленти и меѓународна работна сила.

Франција и Италија: различни проблеми, сличен резултат

Франција (18. место) и Италија(20. место) имаат различни слабости, но завршуваат со слично рангирање.

Франција е ограничена од ригидна регулатива и ниска флексибилност, што го отежнува брзото приспособување и раст на компаниите. Италија, пак, има солидни вештини, но тешко ги претвора во продуктивност на пошироко економско ниво, поради слаба дигитална примена, демографски пад и проблеми во управувањето.

Кои земји се на дното

Кипар, Грција, Хрватска, Полска, Словачка и Бугарија се најлошо рангирани земји од ЕУ, сите со помалку од 30 поени, што укажува на сериозни структурни и институционални слабости во однос на вработувањето и продуктивноста.

Што навистина им е важно на меѓународните работодавачи

Во анкетата спроведена меѓу HR директори и деловни лидери, најважен фактор при одлуката каде да се инвестира и вработува се вистинските вештини за сегашните и идните работни позиции (51%). Следуваат високата продуктивност поддржана од технолошки капацитети (28%) и конкурентните даноци на трудот (28%).

Еднаквите можности на пазарот на труд, пак, се оценети како најмалку важен фактор од мнозинството испитаници (62%).

Каде е регионот на Западен Балкан – и што значи тоа за Македонија

Извештајот на Conference Board не ги вклучува детално сите земји од Западен Балкан во финалната топ-листа, но општите трендови јасно го позиционираат регонот како периферија на европската конкурентност на пазарот на труд.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со комбинација од проблеми: одлив на кадар кон ЕУ, демографско стареење, пониска продуктивност и ограничени можности за напредни, технолошки интензивни работни места. Ниските трошоци за труд остануваат главната – а често и единствената – конкурентска предност.

Македонија: евтин труд, но слаб екосистем за вештини

За Македонија, пораката од ваквиот извештај е јасна. Земјата не е конкурентна по критериумите што меѓународните компании денес ги ставаат на прво место: развиени вештини, висока продуктивност и стабилни институции.

Македонија се потпира првенствено на ниски плати и даночни олеснувања за привлекување странски инвестиции, модел кој станува сè помалку одржлив. Според логиката на извештајот, таквиот пристап е доволен за основни производствени или аутсорсинг активности, но не и за привлекување високо-вредносни инвестиции што создаваат долгорочен раст.

Дополнителен проблем е континуираниот одлив на млади и квалификувани кадри, што директно го поткопува она што меѓународните HR менаџери го сметаат за најважен фактор – достапноста на релевантни вештини.

Како регионот може да стане поконкурентен

Според критериумите што ги користи извештајот, земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, можат да ја подобрат позицијата само преку структурни промени: инвестиции во образование и дигитални вештини, поефикасна јавна администрација, стабилна и предвидлива регулатива и јакнење на довербата во институциите.

Без вакви реформи, регионот ќе остане атрактивен само како резервоар на евтина работна сила, додека главниот дел од европските и глобалните инвестиции ќе продолжи да се насочува кон северна и западна Европа – таму каде што постои целосен екосистем за раст, иновации и продуктивност.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: вработувањаевропаконурентностработна сила
Next Post

Мицевски: Македонскиот филм мора да стигне до домашната публика

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk