ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ обвини дека Мицкоски патувал со владин авион на Јадран, Владата тврди дека нема злоупотреба

February 17, 2026 13:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека користел владин авион за патување на Јадранското Море, додека работниците во државата протестираат за повисоки плати и подобар животен стандард.

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека ваквото однесување претставува „срамна слика за една власт опиена од луксуз“, обвинувајќи дека премиерот користи јавни ресурси за приватни цели.

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско Море. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, премиерот се луксузира врз грбот на народот“, изјави Кузеска.

Обвинувања за луксуз додека граѓаните се соочуваат со економски притисок

Од СДСМ посочија дека владата одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра и дека, според нив, се намалени средства за земјоделците, додека истовремено се користат државни ресурси за патувања на функционери.

Кузеска истакна дека, според нивните тврдења, владиниот авион бил користен и за патувања на други владини претставници, наведувајќи ја Будимпешта како една од дестинациите.

Повик премиерот да одговори за користењето на авионот

СДСМ побара од премиерот да одговори колку ги чинеле граѓаните овие патувања и дали се оправдани со оглед на економската состојба.

„Нека им одговори на работниците колку ги чини овој луксуз со владиниот авион“, изјави Кузеска.

Од партијата поставија и прашање дали најавите за набавка на нов владин авион се поврзани со, како што наведуваат, можноста за нови службени патувања.

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Владата тврди дека нема злоупотреба на службениот авион

Владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и не постои никаква злоупотреба, соопшти Владата на Република Северна Македонија, реагирајќи на обвинувањата од опозицијата.

Во соопштението, Владата наведува дека секое користење на авионот е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на воздухопловот.

„Ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба“, се наведува во реакцијата.

Од Владата посочуваат дека опозицијата ја игнорира, како што велат, хуманитарната и државничката димензија на користењето на авионот, нагласувајќи дека истиот бил ставен во функција и при итни ситуации.

Според соопштението, авионот бил користен за транспорт и координација на активности поврзани со повредените во трагичниот пожар во Кочани, со цел спасување човечки животи.

Владата ја обвини опозицијата за политичка хипокризија, тврдејќи дека истите политички структури во минатото го користеле владиниот авион за контроверзни патувања.

„Денешните обиди за морализирање претставуваат класичен пример на политичка хипокризија. Кога беа на власт, ги злоупотребуваа службените ресурси и не иницираа суштински реформи“, се наведува во соопштението.

Од Владата нагласуваат дека остануваат посветени на принципите на законитост, отчетност и транспарентност и дека секој надлежен орган има право да изврши увид и контрола.

„Немаме што да криеме. Наш приоритет остануваат заштитата на јавниот интерес и унапредувањето на меѓународната позиција на државата“, се додава во реакцијата.

Ј. Ѓ.

Tags: авионВладаМицкоскиСДСМ
Next Post

ЦИВИЛ: Пресудата против новинарот Насер Селмани сигнализира опасна пракса и закана за слободата на изразување

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk