ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кој е 21-годишникот убиен при упад во имотот на Доналд Трамп? Роднините велат – од семејство што го поддржува претседателот

February 23, 2026 06:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот видео Јутјуб

Фото: Скриншот видео Јутјуб

Share on FacebookShare on Twitter

Агенти на американската Тајна служба застрелаа и убија 21-годишен маж од Северна Каролина кој незаконски влегол во обезбедениот периметар на Мар-а-Лаго, резиденцијата на актуелниот претседател на САД Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида. Инцидентот се случил околу 1:30 часот по локално време.

Според официјалните информации, мажот успеал да помине низ влезната капија во момент кога друго возило го напуштало комплексот. Американските медиуми го идентификуваа како Остин Такер Мартин. Наводно со себе носел сачмарка и канистер со гориво.

Тајната служба соопшти дека агентите му наредиле да ги фрли предметите што ги носи. Наместо да постапи по наредбата, осомничениот го кренал оружјето „во положба за пукање“, по што агентите отвориле оган и го усмртиле на лице место.

Во моментот на инцидентот, претседателот Доналд Трамп и Меланија Трамп не биле во Флорида, туку во Вашингтон.

ФБИ ја презеде истрагата

Федералното истражно биро (ФБИ) ја презеде истрагата и соопшти дека ги вложува сите неопходни ресурси за утврдување на околностите и можниот мотив. Засега не е познато дали станува збор за организирана намера, индивидуален чин или лице со психолошки проблеми.

Главната државна обвинителка Пам Бонди потврди дека е во контакт со претседателот и дека се координира со федералните служби.

Семејството претходно го пријавило како исчезнат

Според медиумските извештаи, семејството на Мартин неколку дена претходно го пријавило како исчезнат. Неговиот роднина изјавил дека доаѓа од семејство кое е силен и жесток поддржувач на Доналд Трамп.

Тој го опишал како тивок и повлечен млад човек и изразил неверување дека би можел да направи ваков чин.

Братучедот на осомничениот, 19-годишниот Брејден Филдс, изјави за Асошиејтед Прес дека е во шок од она што се случило.

Тој рече дека Остин Такер Мартин, потекнува од семејство кое политички го поддржува Трамп.

„Сите сме големи поддржувачи на Трамп. Сите ние“, рече Филдс.

Тој додаде дека 21-годишниот Мартин не зборувал за политика и бил „многу тивок, никогаш навистина не зборувал за ништо“.

„Тој е добар човек“, рече Филдс, додавајќи дека Мартин донирал дел од секоја плата што ја заработувал на локално голф игралиште во добротворни цели.

„Не можам да верувам дека би направил нешто вакво. Неверојатно е.

„Не би повредил ни мравка. Тој дури ни не знае како да користи пиштол“.

Мотивот останува непознат

Истрагата продолжува, а засега не е објавена официјална информација за мотивот зад обидот за упад во строго обезбедениот претседателски имот.

Редакција Фронтлајн

Tags: напаѓачТрамп
Next Post
Илустрација Фронтлајн

Енергија: 7 мали навики што го зголемуваат нивото на виталност

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk