ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за договорена кампања околу Груби, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со контраобвинувања

February 23, 2026 13:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Враќањето и апсењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби во земјава предизвика нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со меѓусебни обвинувања за договори, дефокус и прикривање на скандали. Од СДСМ тврдат дека случајот со Груби се користи како „договорена кампања“ поради, како што велат, падот на рејтингот на премиерот Христијан Мицкоски, додека владејачката партија возвраќа дека токму СДСМ се плаши од можните сведоштва за минати афери.

Додека Груби утрово беше лишен од слобода на граничниот премин Блаце и пренесен во притвор во Шутка, политичката дебата се заострува со тврдења за наводни договори, коалициски дилови и прикривање на криминал. Двете најголеми партии меѓусебно се обвинуваат за поврзаност со афери, додека институциите продолжуваат со постапката против поранешниот функционер на ДУИ.

На некои интернет портали како во „добрите стари времиња“ се појавија и снимки од апсењето на Груби од кои може да се види дека Артан Груби доброволно се појавува на граничниот премин и дозволува да биде приведен, што и отвора дополнителни прашања.

СДСМ: Враќањето на Груби е договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција посочи дека враќањето на Груби е договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.

„Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад најавува некое апсење“, посочи Кузеска.

Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата за скандалите и криминалите, но ќе добијат театар, како денеска. На сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.

„Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори“, рече Кузеска.

Таа посочи дека власта нема одговор на скандалите и прави дефокус, а вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ се во дил со ДУИ.

„Како нема ниту една камера од 65 илјади камери за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ се нервозни оти Груби може да изнесе детали за аферите со Заев, Спасовски и Филипче

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинуваат дека „во СДСМ се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружено работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче“.

„Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружено работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче. Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себеси“. Криминалот на Груби достигна вредност од над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра – пари украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на ‘Државната лотарија’ освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници. За целиот овој криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната прес-конференција.

ВЛЕН: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?

Коалицијата ВЛЕН во денешно соопштение поставува прашање дали поранешниот функционер на ДУИ, Артан Груби, кој денеска е уапсен на граничниот премин Блаце и е во притворското одделение во Шутка, ќе му го „зададе фаталниот удар“ на лидерот на партијата Али Ахмети и на самата ДУИ.

Во соопштението, ВЛЕН наведува дека, како што велат, „црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде“, оценувајќи дека Груби бил „учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ“.

„Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што сè е подготвен да прозбори Артан“, стои во реакцијата на ВЛЕН.

Од коалицијата понатаму тврдат дека по, како што велат, „катастрофалниот пораз на ДУИ на локалните избори“ и по, според нив, неисполнетите ветувања на Ахмети за предвремени избори и влез во Владата, Груби „нема ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови“.

„Но кој сè ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се наведува во соопштението.

Од ДУИ засега нема реакција на овие наводи.

Груби уапсен и пренесен во Шутка

Артан Груби кој утрово беше уапсен на преминот Блаце откако решил да се врати во земјава е пренесен во Шутка.

Груби е пренесен во притворското одделение во Шутка бидејќи за него беше определен 30 дневен притвор во отсуство, додека беше во бегство. Од ОЈО Скопје велат дека дополнително ќе известат кога ќе се појави пред јавен обвинител.

„На Граничниот премин Блаце лишен од слобода Артан Груби. Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“,  соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Артан Груби е поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ. Во декември 2024 година беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција, конкретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Набргу потоа тој се повлече од јавниот живот и покрај неговите тврдења дека е „чист како солза“, а откако Обвинителството отвори истрага за случајот со проневери во „ Државна лотарија“, во кој беше осомничен и Груби, тој побегна од државата. Тврдеше дека не избегал, туку дека бил во приватна посета на Косово, наведувајќи дека штом ги заврши обврските ќе се врати дома. Македонската полиција тогаш распиша меѓународна потерница по Артан Груби.

Ј. Ѓ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруби апсењеСДСМ
Next Post
Настан на ДУИ во Чаир: „Лице в лице за еднакви можности", 26.09.2023

ДУИ: Враќањето на Артан Груби отвора можност за транспарентна и фер постапка

Shortcut

Најново

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026
Илустрација Фронтлајн

Андони Ираола ги договори условите со Ливерпул, Шпанецот станува нов главен тренер на „Црвените“

June 2, 2026

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови

June 2, 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

June 2, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk