ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Илјадници заглавени на Блискиот Исток – започнаа репатријациски летови, Дубаи сè уште затворен

March 5, 2026 06:45
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Илистрација Фронтлајн

Илистрација Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Репатријациски летови почнаа денеска од Блискиот Исток, додека владите брзаат да вратат дома десетици илјади свои државјани кои се блокирани поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран.

Комерцијалниот воздушен сообраќај и натаму е во голема мера суспендиран во поголем дел од регионот, а главните воздушни јазли во Заливот – меѓу нив и Дубаи, најпрометниот аеродром во светот за меѓународни патници – се затворени веќе петти ден по ред.

Ова претставува најголемо нарушување на воздушниот сообраќај од пандемијата на ковид-19.

Нормализацијата на летовите нема да биде брза

Според експерти од воздухопловната индустрија, редовниот воздушен сообраќај нема да се нормализира веднаш, дури и ако веднаш се постигне прекин на огнот.

На авиокомпаниите ќе им биде потребно време да ги прераспределат авионите, и ги реорганизираат екипажите, да ги воспостават повторно распоредите на летови и  да обезбедат дозволи за безбедно летање.

Почнаа летови за европски државјани

Првите репатријациски летови за Велика Британија и Франција требаше да тргнат вчера, додека Обединетите Арапски Емирати отворија безбедни воздушни коридори за дел од граѓаните да можат да се вратат дома.

Во нормални услови, од регионот секојдневно полетуваат илјадници комерцијални летови.

Нов Зеланд соопшти дека вчера се очекуваа вкупно 121 репатријациски лет од Меѓународниот аеродром во Дубаи.

Владите забрзано ги евакуираат своите граѓани

Многу заглавени туристи и странски работници се обидуваат самостојно да најдат начин да го напуштат регионот.

Францускиот министер за финансии Ролан Лескјур изјави:

„Го правиме тоа внимателно.“

Француската влада соопшти дека неколку репатријациски летови се планирани за вчера, за враќање на француските државјани, од кои околу 400.000 се наоѓаат во регионот.

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека одобрил употреба на воени авиони за евакуација на полски државјани од Блискиот Исток.

Британското Министерство за надворешни работи објави дека министерката Ивет Купер разговарала со раководството на Emirates, а подоцна ќе разговара и со British Airways за можностите за летови од Дубаи.

Велика Британија во голема мера се потпира на комерцијални авиопревозници за враќање на своите граѓани. Министерството најави и чартер лет од Оман кој треба да тргне вечерва.

Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека испратило дополнителен персонал во Оман и Обединетите Арапски Емирати за да помогне во репатријацијата на италијанските државјани.

Европски земји веќе евакуираат граѓани

Чешка организираше три владини евакуациски летови од Оман, Јордан и Египет, со кои дома се вратени 175 лица, а се планираат и нови операции.

Авиокомпанијата Smartwings исто така извршува повратни летови од Оман и Дубаи, јави новинската агенција ČTK.

Словачка соопшти дека евакуирала 127 лица – претежно словачки државјани, но и четворица Чеси и еден државјанин на Казахстан – со два лета од Јордан кои слетале во вторникот.

Во подготовка се и дополнителни евакуациски мисии.

Почната е постапка за јавна набавка за чартер-летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е почнала постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови за евакуација на македонските државјани, кои се наоѓаат во погодените области на Блискиот Исток. За оваа намена предвидени се 60 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– Имајќи ги предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе во согласност со Законот за јавните набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга предвидени се средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ – информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Претходно, Министерството информира дека досега 632 македонски граѓани побарале евакуација.Некои од нив ќе се враќаат во земјата со чартер-летови, а други со владиниот авион.

Пренасочување на летови и повисоки трошоци

Поради строго ограничениот воздушен простор, авиокомпаниите се принудени: да пренасочуваат летови, да носат дополнително гориво, или да воведуваат дополнителни застанувања за точење гориво.

Овие мерки се преземаат за да се избегнат ненадејни промени на рутите или подолги летови низ побезбедни воздушни коридори.

Австралиската компанија Qantas додаде дополнителен лет со Airbus A380 од Сиднеј до Лондон за да им овозможи на 485 патници да стигнат од Австралија во Европа.

Исто така воведе застанување за гориво во Сингапур на летовите Перт – Лондон, со што може да превезе уште 60 патници поради зголемената побарувачка.

Продолжени суспензии на летови

Неколку авиокомпании ги продолжија суспензиите на летовите.

Emirates, најголемиот светски меѓународен авиопревозник, соопшти дека летовите кон и од Дубаи остануваат суспендирани до 7 март, иако се извршуваат ограничен број летови од аеродромите Dubai International и Al Maktoum International.

Air France ја продолжи суспензијата на летовите кон Дубаи и Ријад до 6 март, а прекинот на летовите кон Тел Авив и Бејрут до 8 март.

Пораст на цените на нафтата и удар врз глобалната трговија

Цените на нафтата пораснаа, што ги зголемува трошоците за гориво на авиокомпаниите и го зголемува ризикот од поскапи авионски билети ако подолгите рути продолжат.

Заливот е и критично важен центар за воздушен карго транспорт, што дополнително ги оптоварува глобалните трговски патишта кои веќе се под притисок поради нарушувањата во пловидбата во Црвеното Море.

Tags: Блиски ИстокевакуацијаРепатријациски летови
Next Post
Илистрација Фронтлајн

Зошто Овенот секогаш оди прв – и зошто тоа го чини многу

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk