ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жерновски: ЕУ предупредува за влијанијата на Русија и СНС во Македонија

March 11, 2026 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Мора да бидете отпорни на токсично влијание од Русија и другите и нема да дозволиме тројански коњи во Европската унија“ – со оваа порака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја предупредила Македонија за странските влијанија, изјави Андреј Жерновски од СДСМ на денешната прес-конференција.

Жерновски рече дека ова е „најјасната порака што досега ја добила државата од еврокомесар за проширување“.

„Граѓаните мора да знаат дека оваа порака се однесува на нашата земја. Токсично е влијанието од Русија, токсично е влијанието од Кина, токсично е влијанието од СНС на Вучиќ“, изјави Жерновски.

Тој се повика и на извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во кој, според него, се наведува дека нема напредок во повеќе области.

„Нема напредок во владеењето на правото, во правосудните реформи и во борбата против корупцијата. Нема напредок ниту во состојбата со медиумите“, рече Жерновски.

Според него, Македонија има блокиран пат кон Европската унија, за што ја обвини актуелната влада.

„Пораките се многу јасни, но нашата влада повторно измислува непријатели, особено во нашето соседство, само за да го блокира нашиот пат кон Брисел“, изјави Жерновски.

Тој додаде дека, според последните анкети, околу 70 проценти од граѓаните ја поддржуваат интеграцијата на земјата во Европската унија.

„Ова е вистинскиот момент кога треба да одиме напред и да го искористиме расположението во Европската унија за проширување“, рече Жерновски.

На прес-конференцијата беа изнесени и обвинувања за политички и економски влијанија од странство.

„Вториот човек на владата се гледа со Ноќните волци блиски до Путин“, рече Жерновски, додавајќи дека постојат и економски врски со Кина преку, како што рече, „унгарскиот кредит“.

„Зошто Македонија да биде црната точка во Европската унија? Албанија напредува, Црна Гора напредува, а ние останавме заковани на дното“, изјави Жерновски.

На крајот од прес-конференцијата тој порача дека борбата за членство во Европската унија ќе продолжи.

„Патриотизам е земјата што ја сакаш да ја внесеш во НАТО и да овозможиш безбедност на сограѓаните. Предавство е да ја изолираш земјата и да ја блокираш иднината на граѓаните“, рече Жерновски.

Tags: влијаниеЕУРусија
Next Post

Во петок ќе се знае добитникот на наградата „Роман на годината“

Shortcut

Најново

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk