ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: ДПМНЕ го упропастија и прекинаа пописот во времето на режимот, реагира Сугарески, се намалува бројката на новодијагностицирани случаи позитивни на Ковид-19

December 28, 2020 11:58
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

– Го упропастија и прекинаа пописот во времето на режимот, сега повторно ДПМНЕ прави опструкции да не се направи попис, објави на ФБ претседателот на надзорниот одбор на СДСМ Горан Сугарески, како реакција на, како што вели, бесмислените предлози со кои само се обидуваат да го одложат спроведувањето на пописот.

-Пронајдено е телото на мажот што вчера исчезна во Дренска Река, потврдија од полицијата.Човекот бил уште со двајца други. Сакале да ја поминат реката со џипот. Реката го завлекла џипот. Другите двајца се спасиле.

–Последниве денови полека се намалува бројката на новодијагностицирани случаи позитивни на коронавирус, но и бројот на лица кои се на болнично лекување. Се регистрираат и голем број оздравени лица, често пати повеќе од бројката на новозаразени.

–Советот за реформи во судството денеска треба да ја потврди методологијата за прочистување на правосудството. Овој поцес, како што најави министерот за правда Бојан Маричиќ е примарен за враќањето на довербата на граѓаните во системот. Сите оние судии или обвинители, како што рече Маричиќ, кои незаконски постапиле, направиле прекршувања во постапките, намерно ги одложувале или нестручно постапиле ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем. Посебен фокус, како што додаде, ќе биде ставен на случаите на висока корупција и организиран криминал.

-Нови 200 професионални војници од денеска се приклучуваат во редовите на Армијата на Република Северна Македонија.Во касарната „Илинден”, ќе бидат свечено поздравени од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

-Oд денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии. Ќе биде извршена исплата на пензии со висина до 11.000 денари, утре вторник ќе бидат исплатени пензиите во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, на 30.12.2020 година, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, додека во четврток, на 31.10. 2020 година, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

-Раководителката на Институтот за педагогија Јасмина Делчева- Диздаревиќ е шокирана од критиките кои дојдоа од колегите од нејзината фела на сметка на нацрт концепцијата за основно образование, и застанува во одбрана на истата. „Како ќерка на еден од првите учители во Пиринска Македонија, никогаш не би се заложила за бришење на историјата во полза на Бугарија”, вели, додавајќи дека со новиот  концепт професорите по историја ќе имаат можност да понудат изборни предмети, и уште повеќе да ги заинтересираат и научат учениците за историјата.

-Шефицата на Сеизмолошката служба на Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можноста од нови земјотреси во наредните часови и денови во областа Петриња и Сисак, после земјотресот што се случил утрово.

-Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска повторно почнува со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци. Целта е утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти, после појавата на нов вирусен субтип со зголемена преносливост во Велика Британија.

-На вториот ден од вакцинацијата на Кипар, рано утрово вакцината против Ковид-19 ја прими претседателот на државата Никос Анастасиадис.Двајца повозрасни граѓани згрижени во дом за стари лица и директорот на домот беа првите кои ја примија вакцината на Кипар.

 

М.М
Next Post

Кумановските археолози ги завршија годинешниве истражувања на Градиште во Бислим

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk