Заев денеска изјави дека не гледа никакви причини за одложување на пописот што е најавен за април годинава. Очекува на почетокот на неделата претседателот на државата Стево Пендаровски дека ќе го потпише указот.
Од Министерството за здравство денеска најостро ги демантираат наводите на пратеникот на опозициската партија Антонио Милошоски објавени на социјалните мрежи дека лекот Клексан не е на позитивната листа на лекови.
Во ООУ „Кирил и Методиј“ во село Стајковци денеска започна изградба на нова спортска сала, што ќе се простира на површина од 430 метри квадратни. За изградба на салата се издвоени 17 милиони денари од буџетот на Општина Гази Баба.
Никогаш не сум посочил дека други лица се виновни во случајот „Монструм“ Секогаш кога изминатите години сум давал одговори на прашања поврзани со „Монструм“ сум оставал резерва и сум кажувал дека последниот збор ќе го имаат правосудните органи, изјави премиерот Зоран Заев.
Шекеринска меѓу 153 глобални лидери – потписници на писмо до претседателот на САД Бајден, за поддршка на новите политики во борбата со климатските промени.
ФРОНТ: Град кој раздвојува, колумна од Бранко Тричковски.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.466 тестирања, регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19, починале шест лица, а оздравеле 1.731 пацинент.
МОН: Континуитет во наставата со веќе воспоставениот модел е во интерес и на учениците и на заштита на јавното здравје.
Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан денеска изјави дека апсењето на повеќе од 3.000 луѓе за време на протестот за поддршка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални го загрози владеењето на правото и повика да се воведат санкции против Русија.
Разочарани сме од ветото на Бугарија поради бројни причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија е подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ, изјави американската амбасадорка во државата Кејт Мари Брнз.
САД сметаат дека во Северна Македонија има одлични напори за зголемување на судските реформи
Новиот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Велика Британија, „пристигнал во Србија“, за што бил известен министерот за здравство, Златибор Лончар.
По претходно добиени информации, полицијата во атар на село Блаце, во близина на границата со Косово пронашле закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, информираа денеска од МВР.
Ј. Ѓ.