ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новиот стил, бран

February 17, 2021 15:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВЛАДИМИР ТРАЈКОСКИ

Обично не сакаме многу да зборуваме за она што го поседуваме. Оној кој има пари, не создава капитал од тоа. Оној кој навистина има вкус и чувство за убаво, не зборува постојано за вкусот итн. Истото е и со стилот. Луѓе, народи и епохи со природен и вроден осет за стил не го употребуваат и не се перчат со овој збор. Во уметничката и културната историја на човештвото се познати епохи што имале вистински, јасно одреден стил, и тоа во најубавата смисла на тој збор, меѓутоа тие не парадирале со тоа дека имаат стил.

Кога ќе почне да се спори и да се зборува за стилот, тој престанува да постои. Стилот е работа која не може да се натокми. Тој се гради и се создава во определени услови, се оформува по природен пат и се развива автономно. Резултатот на неговиот развој се чувствува во сите животни манифестации на народот. Стилот или новиот бран е една внатрешна хармонија помеѓу чувството и погледот на светот и е израз на тоа чувство и на тој поглед на светот. Стилот е логичката изразна форма којашто обврзува и задолжува еден човек или еден народ, којашто се чувствува во секоја негова постапка, културна, образовна , ученичка, улична, трендовска, фејсбуковска, инстаграмска, од високите кругови, а особено во политиката.

И политиката може и мора да има свој стил или бран, или да биде без секаков стил. Кога има стил, таа навистина претставува нешто вредно. Пред преземањето на власта од десницата, политиката немаше никаков стил. Тој недостигаше не само во политиката, туку и во секоја пројава на јавниот живот, во уметноста, културата, социјалните мрежи ( не дека денес се нешто подобрени, напротив кич, и резил претставен во огромен процент, дозиран со нагласен стил на вулгарност, рамна на порнографија). Тоа се забележуваше на секој чекор, и тоа сè со надуени фрази без содржина, или пак сосема недостигаше способноста кажаното да се спроведе на дело.

Демократското општество кај нас сè уште не е во состојба да го сфати тоа дека полека го губиме компасот на препознатливоста или стилот. Како да немаме сила, а искрено жалам што е така, да ги организираме масите и да им наметнеме една единствена волја. Ние постојано се повикуваме на масата, меѓутоа тајно се плашиме од неа, еден од ретките сум што имам доблест ова јавно да го кажам, и кога ќе се обидеме да се приближиме, како да го имитираме лошиот однос кон народот, со чест на исклучоците, простете но тоа мене ми изгледа на една мизерна и лоша имитација без стил.

Компетентниот набљудувач го забележува смешното и лажното во таквите случаи. Стилот, новиот бран во овие нови демократии, не постари од триесетина години, со безброј турбуленции скоро па никогаш немале стил, и тоа е страшно и коренито ќе се борам да го променам црно – белото гледање на работите, затоа што има безброј други бои. Ние немаме сега за сега никаква желба и основа да се справиме со критиката и немањето на стил, кои ни го посочуваат многу показатели. Ние многу добро се познаваме самите себе си, знаеме што сме и што можеме. Духот што живее во нашите гради и што управува со нашите тела, денес располага и со потребното оружје за да ја одбие секоја опасност и секој напад од страна на престарената демократија. Ние сме тие што го создаваме новиот стил кои го моделира новиот лик на нашиот измачен народ. Ние или барем дел од нас мораме да го носиме факелот на новиот стил во модерна Европа и да бидеме препознатливи и со стил, а не со кич и простотија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 354 пациенти, слободни кревети има

НАЈНОВО

Лидерите на Европската зелена партија бараат од тројцата лидери на ЕУ јавно да го осудат Вучиќ по неговите навреди

September 9, 2025

EXIT против Вучиќ, Орце со EXIT – што значи ова за ВМРО-ДПМНЕ?

September 9, 2025

Славенички салви за поразите и неостварените надежи

September 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • EXIT против Вучиќ, Орце со EXIT – што значи ова за ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски донесе одлука, д-р Алек Савески ќе биде носител на победничката листа за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk