ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ на внатрепартиските избори на 21 март, петтиот пакет мерки е за заздравување и раст на економијата, побаран притвор за двајца демонстранти на вчерашните протести

February 27, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ соопшти дека Зоран Заев е единствен кандидат за нов партиски претседател и дека над 80 000 членови со право на глас ќе може да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март. Централната изборна комисија вчера одржала седница на која биле потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.

Дваесет и девет мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Толку тежи петтиот пакет антикризни мерки. Владата вели дека е наменет за граѓаните и за реалниот сектор, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството.

Скопското обвинителство Скопје бара притвор за двајца од демонстрантите на вчерашните протести против пресудата за случајот Мoнструм. По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените, на возраст од 22 и 19 години започнале да фрлаат камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, кон полицијата, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

За малолетникот кој со автомобил удри во лекар, побаран куќен притвор и одземање на пасошот. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Со растот на просечната плата да расте и минималната плата, бараат од  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). ССМ соопшти дека се залага минималната плата да порасне на 60 отсто од просечната плата затоа што е тоа европска тенденција и случај во сите европски држави.

Комисијата за здравство во бугарскиот Парламент следната недела ќе го разгледа предлогот на опозициската Социјалистичка партија (БСП) за започнување преговори на Владата за набавка на руската вакцина против Ковид-19. М. М.

 

Next Post

Ангелов: Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk