ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

МЖСПП: Обезбедени средства за Излезна фаза на Програмата за зачувување на природата

March 23, 2021 11:52
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Сибил Зутер Техада потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на Излезната фаза од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП) со што ќе се придонесе кон постигнување на одржливост на резултатите добиени во рамките на ПЗП во изминатите 8 години.

Министерот Нуредини се заблагодари за поддршката што Швајцарија ја дава на Министерството преку Програмата за зачувување на природата, посебно истакнувајќи го успехот со прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел што е прва заштита од таков вид во државата, но и за останатите активности кои се реализираат во делот на заштита на природата.

„Ние сме многу задоволни од постигнатите резултати во текот на последните осум години од спроведувањето на Програмата за зачувување на природата“ изјави амбасадорката Техада истакнувајќи дека во спроведувањето на програмите за развој смета дека е исклучително важно да се обезбеди одржливост на постигнатите резултати и спроведените процеси, како и нивно унапредување, а партнерите да можат да ги извршуваат своите должности и задачи самостојно, без поддршка на програмите.

„Во таа смисла, Швајцарија одлучи да ја поддржи последната, т.н. Излезна фаза од Програмата за зачувување на природата “ рече Техада .

Времетраењето на оваа Излезна фаза на ПЗП е 3 години, а за нејзина реализација се обезбедени средства во висина од 1,9 милиони швајцарски франци од страна на Швајцарска Агeнција за развој и соработка. Координатор на Програмата е Фармахем, а главен корисник на резултатите и партнер е МЖСПП. Главната цел на излезната фаза од ПЗП е да се даде поддршка на телото за управување со Заштитен предел Осоговски Планини, поддршка на иницијативата за прогласување на Малешево за заштитено подрачје, поддршка на НАТУРА 2000 процесот, како и поддршка во развојот и сроведување на шема за плаќање екосистемски услуги.

Next Post

Пладневен преглед: Западен Балкан приоритет за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Собранието, повеќе од 130.000 самопопишани, ветувачки резултати за коктел против Ковид-19

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk