Национална гордост и успех е што Северна Македонија е една од 30-те членки на НАТО-семејството, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук по повод 72 години од основањето на Алијансата, со потпишаниот Северноатлантски договор од 12 членки, на 4 април 1949 година во Вашингтон.
Веселата математика на Христијан Мицкоски, која тој си ја нарекува инженериска прецизност, го позиционира лидерот на ВМРО ДПМНЕ во едната половина на опозицијата, другата половина припаѓа на другите опозициски партии. Имено, Мицкоски им се обрати на граѓаните преку Фејсбук за да се пожали дека Заев не му посветил воопшто време во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.
Министерството за здравство информира дека и покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои се побрзо се исполнуваат со ковид пацинети, обезбедени се слободни места на повеќе Клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле како и на интерните клиники. Сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани. И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира, помеѓу постојаните инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници.
Во изминатите три дена, во работна посета на Република Северна Македонија, присуствуваа Флора Карагиани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција.
На денешен ден, 4 април 1945 година, излезе првиот број на „Флака е влазеримит“ (на албански јазик: Flaka e Vëllazërimit), весникот кој се роди за време на Народно-ослободителната борба. Заедно со „Нова Македонија“ на македонски јазик и „Бирлик“ на турски јазик, како органи на Народно-ослободителниот фронт на Македонија, го отсликуваа заедништвото на нашите граѓани во борба за еднаквост и слобода. Редакциите на весниците се формираа во Скопје, а весниците се печатеа во печатницата „Гоце Делчев“ во Горно Врановци, Велешко.







