Деновиве кога парламентот се обидува да обезбеди кворум за гласање на законите поврзани со петтиот пакет економски антикризни мерки, граѓаните вината ја насочуваат кон опозицијата и нивното неодговорно однесување. Со оглед дека некои пратеници од мнозинството се отсутни заради Ковид-19, ВМРО ДПМНЕ и Левица користат прилика да не присуствуваат на седниците и така го блокираат парламентот.
Но, тоа веќе го забележале многумина граѓани кои реагираат на социјалните мрежи и повикуваат на совесно и одговорно однесување на Мицкоски и на Апасиев.
Откако пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека е спремен да поднесе тужби ако пратеници се појават на седница во скафандери за да ги изгласаат законите кои со месеци се заглавени во процедура, затоа што опозицијата упорно ги напушта седниците за да нема кворум за гласање, граѓани се налутија и јавно му коментираат дека конечно еднаш треба да сфати дека неговото работно место е во салата и дека граѓаните го плаќаат за тоа.
„Некој никако да сфати дека задача му е да биде на работното место за кое е платен. Кој е недораснат за пратеник ќе си остане таков засекогаш и ќе се заканува со тужби.“- искоментира еден граѓанин. Со оглед дека опозицијата во парламентот со месеци ја опструира работата и спречува да се изгласаат низа закони, особено оние кои се поврзани со имплементација на петтиот пакет економски мерки, мнозинството најави дека, доколку опозицијата не ја сфати сериозно својата одговорност пред граѓаните, ќе биде принудена на седница да ги повика и заразените пратеници во скафандери за да може да ги обезбеди потребните гласови.
Тоа го искористи Апасиев да се закани со тужби, но беше пречекан на „нож“ од страна на граѓаните кои не се согласуваат со однесувањето на опозицијата во парламентот. „Опозицијата е должна да присуствува на седници и да работи на подобрување на законските решенија кои ги нуди власта“- реагира еден граѓанин.
Граѓаните не останаа мирни со играта „топло – ладно“ на ВМРО-ДПМНЕ, ту се на седница, ту не се, и кога на крај решија дека ќе присуствуваат за гласањето на економските мерки, граѓаните им порачаа дека може да си останат дома и онака не виделе голема полза од нив.
„Нема потреба од вас, седете си дома, и онака нема никаква полза од вас, чисти манипуланти. Прочитани сте од народот.“- коментира друг граѓанин.
Д. Е.