Беше ноември 2019 година, кога градските и општинските власти најавија дека ќе биде нужна замена на тогашните дрва на јапонски цреши во централното градско подрачје. Нивното поткастрување беше неопходно, a причина нивна исушеност и заболеност. Веднаш по интервенцијата на улицата Максим Горки беа посадени и нови, здрави дрва на јапонски цреши.
Пролетта 2021 година, овие прекрасни дрва се повторно бујно расцветани и му даваат несомнен шмек на овој урбан простор во скопскиот центар. Како паралела, истите во Јапонија се едни од најценетите растенија, а Јапонците дури имаат и т.н. традиција „Ханами“, која се состои во одморање очи гледајќи во овие цветови.
Несомнено е дека и главниот град на Македонија им придава големо значење на овие убавини од дрва и токму затоа годинава ги гледаме и на ул. Максим Горки, но и на соседната – ул. Никола Вапцаров. Разубавувајќи ни го погледот и служејќи како често посетена локација за одлична фотосесија на граѓаните и ажурирање на профилите на социјалните мрежи, овие јапонски цреши не потсетуваат и на голготата со лажните вести.
Потсмевот дека само „Југодрво“ и „Дрводекор“ ќе останат наводно единствените дрва во градот Скопје, не се ништо друго, туку уште еден потсетник дека кога се работи за пласирање на лажни вести и последиците од нив, дури ни овие розови дрва не се имуни на истите. Лагата дека дрвата веќе ќе ги нема и дека е направена нивна недозволена сеча останува низ медиумската историја и треба да ни служи како причина плус зошто борбата со лажното информирање на граѓаните треба да ни биде еден од врвните приоритети.
Иван Дургутов