ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

3 мај датум посветен на слободата на медумите, професионалната етика и новинарите

May 3, 2021 10:10
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Со одлука на Генералното собрание на ОН од 1993 година, 3 мај е прогласен за Светски ден на слободата на печатот, со цел да ги потсетува владите на потребата од почитување и посветеност на слободата на медумите, но исто така и да ги поттикне новинарите на размислување за прашања за слободата на печатот и професионалната етика.

Светскиот ден на слободата на печатот е и ден на поддршка на медиумите кои се изложени на обиди за нивно укинување или ограничување на нивната слободата на изразување, но и ден на сеќавање на новинарите кои ги загубија животите во текот на својата работа.

Според последниот извештај на Репортери без граници, Северна Македонија напредуваше за две места на Светската листа на слобода медиумите во 2020 година и со 31,67 поени се најде на 90-то место.

„2020 година беше извонредна година за Северна Македонија. Парламентот беше распуштен, привремената влада ја презеде власта, а потоа предвремените парламентарни избори мораа да бидат одложени поради пандемијата со Ковид-19 и  вонредната состојба. Ситуацијата на медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да се закануваат и да ги навредуваат медиумите, додека сајбер малтретирањето и вербалните напади врз новинарите се зголемија на социјалните мрежи. Сето ова послужи за зајакнување на добро вкоренетата култура на неказнивост. Во исто време, пандемијата го комплицираше известувањето. Организациите кои ги застапуваат медиумите остро се спротивставија на различните предложени измени и дополнувања на Законот за медиуми кои ќе овозможат државно рекламирање во медиумите. Тие се спротивставија на ова со образложение дека тоа може да го поттикне клиентелизмот. Министерството за правда подготвува нов Кривичен законик според кој новинарите и медиумските работници би биле побезбедни“, се вели во образложението на Репортери без граници за Северна Македонија.

Во годишниот извештај на Стејт департментот за почитување на човековите права се посочува дека „културата на неказнивост е добро вкоренета и се уште е пречка за безбедноста на новинарите“, како и дека „бројот на физички напади врз новинари се намали, но сепак, постои растечка практика на компјутерско малтретирање и вербална.

Во извештајот се посочува случајот со дописничката на МИА од Брисел. – Неколку дена во текот на јули, дописникчката државната новинска агенција МИА Тања Милевска во Брисел доби бројни закани за смрт и силување од анонимни корисници на Твитер и Фејсбук, се наведува во извештајот.

– Здружението на новинари на Македонија извести за 16 напади на новинари случени од јануари до октомври 2020 година и ја повика полицијата да ги расчисти случаите со изведување на одговорните пред суд. Здружението повика на промени во кривичниот закон со што ќе се осигура дека нападите на новинарите се „екс официо“ криминални дела, се нагласува во одговорот.

Во извештајот на Стејт департментот се напоменува и дека лани на 4 февруари, ССНМ „го потпиша првиот колективен договор со медиум, државната новинска агенција МИА, со кој се регулираат условите на вработените“, вклучително и гаранции за 36-часовна работна недела, платена прекувремена работа, заштита од произволно отпуштање и загарантирана слобода на изразување.

Стејт департментот посочи и дека иако медиумските известувања во земјава главно се поделени по политички линии, бројот на независни медиуми кои „активно изразуваат различни ставови без очигледни ограничувања продолжи да се зголемува“.

J. Ѓ.

Next Post

Малите сместувачки објекти од денеска може да аплицираат за сертификат и печат „Чисто и безбедно”

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk