Португалскиот предлог е креативно решение коешто ги адресира сензитивностите на сите три страни. Нашата позиција, бугарската и на земјите членки, бидејќи очигледно и земјите членки имаат став по однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес. Тоа што ќе се постави како модел со нас, утре ќе направи преседан и за другите земји-кандидати и земји во регионот, вели министерот Османи.
Нема криминал и насилство што Мицкоски не се обиде да го одбрани по налог на неговиот ментор Никола Груевски. Очигледно големи се хипотеките на Мицкоски штом тој мора секој ден да брани криминалци и насилници. Тоа што луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, се обидоа да убијат пратеници и да го загрозат уставниот поредок Мицкоски ги брани и ги нарекува уставобранители е доказ дека овој човек е цврсто застанат зад насилството и криминалот, на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.
Електрани на Северна Македонија со повеќе од 30% ќе учествуваат во инвестицијата во ‘Чебрен’, која се очекува да биде регионална батерија, најави премиерот Зоран Заев. Како што најави премиерот, девет компании ја поминале првата фаза од тендерот за јавно-приватно партнерство за „Чебрен“, за инвестицијата која се очекува да биде помеѓу 500 и 800 милиони евра.
Инспекциските контроли околу увозот на опасен мазут се речиси завршени и резултатите ќе бидат објавени во вторник, а од денеска Државниот пазарен инспекторат, кој е орган во рамки на Министерството за економија, започнува со засилени вонредни контроли и на течните деривати со користење на мобилната лабораторија и тоа при влезот во државата и во внатрешниот пазар, односно малопродажбата, изјави денеска на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.
Заев и министерот Спасовски денес во Лазарополе на завршната вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР. Со особено задоволство од присутните беше проследена заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.
М. Миткоска







