Првата политика која ВМРО-ДПМНЕ ја презентира пред граѓаните, е?
Мицкоски: Пратениците од коалицијата за „Обнова на Македонија“ нема да дозволат граѓаните да плаќаат поевтини горива, без разлика дали е тоа бензин или нафта.
Овој „бисер“, Мицкоски го изговори на трибините што ги организира ВМРО-ДПМНЕ за промоција на кампањата „Македонија за сите луѓе“.
Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција од Гази Баба, соопшти и дека ќе донесел поевтина струја.
Тоа е истиот оној Мицкоски кој како директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Никола Груевски беше на власт кога се укина евтината тарифа на струјата, цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто, а државата беше зависна од увоз на скапа електрична енергија.
Д. Е.