ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали Митко Јанчев, за глас повеќе, си поиграл со лозарите и организирал „напад“ врз винаријата „Тиквеш“?

September 12, 2021 15:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Митко Јанчев, надежта на прогресивната десница во земјава, ѝ приреди непријатно изненадување на кавадарчани и на јавноста. Дали се работи за штетно влијание од партијата што го кандидира за градоначалник или за нешто сосема друго, времето ќе покаже, а ќе пресудат гласачите. За што се работи?

Како што јавуваат извори од Кавадарци, шестмина лозари со трактори натоварени со грозје дошле пред откупниот центар на Тиквеш во Кавадарци со барање да им се откупи грозјето за кое претходно не доставиле примерок, нешто што е основно правило при откупот на грозје.

Контролорите на квалитет од Тиквеш побарале од шесте лозари да го достават истото грозје кое пријавиле како примерок. Наместо да ги исполнат условите, лозарите, со својот товар на тракторите почнале да истураат грозје пред винаријата „Тиквеш“, во знак на револт поради наводната неправда. А сѐ што требало да направат е да ги исполнат познатите услови.

Според изворите кои сакаа да останат анонимни, се работи за лозари што ги организирал актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, Митко Јанчев. Мотивот за оваа постапка веројатно е стекнување политички поени.

Администраторите на Фејсбук страницата „Мое Кавадарци“ вчера (11 септември) му поставија две прашања на градоначалникот и кандидат Јанчев:

„Дали Митко Јанчев додека глуми загрижен лозар, има предадено оваа година 400 тони грозје во В.В Тиквеш со шеќерност од 17 до 19 шеќерни единици, по онаа регуларна цена?

Дали Митко Јанчев односно негови компании се во тесна бизнис соработка со В.В Тиквеш?“

Во текот на денешниот ден, пак, тие продолжуваат со нови наводи за бизнис интересите на Јанчев, па велат:

„Бизнис партнерите Митко Јанчев и Свето Јаневски им продаваат магла на лозарите, додека во позадина си врви без проблем нивната бизнис соработка.

Фирмата на Митко Јанчев, “Кожувчанка” профитира во соработка со В.В Тиквеш односно е ангажирана за полнење на новиот производ на винаријата.

Митко Јанчев во договор со В.В Тиквеш до сега има предадено 400 тони грозје по регуларна цена од 13 денара, а со шеќерни единици од 17 малигани.“

На крајот од објавата, тие ги повикуваат лозарите сами да извлечат заклучок:

„Колку се грижи Митко Јанчев за вас лозарите, а колку за неговиот бизнис интерес проценете сами.“

Инаку, како што е познато, грозјето годинава се откупува за 20-30% повисока цена во споредба со минатата година. Сепак, Јанчев се обиде, токму преку лозарите, да дојде до глас повеќе на локалните избори.

Јанчев е познат како добар градоначалник, но во политичката борба под знамето на ВМРО-ДПМНЕ, веројатно ги „подзаборавил“ своите зборови и коректно однесување во изминатиот период. Се разбира, останува и опцијата ова да е само „масло“ на неговата партија која до неодамна го напаѓаше и го обвинуваше за предавство, а тој самиот е жртва на политички манипулации.

Д. Е.

 


Демант на овој коментар од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев: Демант од Митко Јанчев: Тоа што Кожувчанка има бизнис релации со Тиквеш нема врска со пласманот на грозје и со мојата градоначалничка функција

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ангела Меркел: Вакцинирањето никогаш не било полесно!

НАЈНОВО

Анаис

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 16 ОКТОМВРИ

October 16, 2025

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за фотографиите со Црвенковски: Само ќе го цитирам со неговата позната изјава – Или си СДСМ, или не си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk