ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Заев пред Мицкоски, СДСМ пред ВМРО-ДПМНE – истражување на„Брима“, на рапорт клукајдрвците од Фејсбук и Твитер

September 20, 2021 12:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

До пладне, во фокус e најновото истражување на „БРИМА“: Во анкетата спроведена лице в лице, опфатени се 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%. Во АХА „ве задева“ Јане Ѓорѓиоски, прочитајте го и ставот на колумнистот Сашо Орданоски….

Ако денеска се одржат парламентарни избори, за СДСМ би гласале 19,5% од испитаниците, за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%. За ДУИ се определиле 7,2%, а за Алијанса за Албанците 6%. Од анкетираните, за Движењето БЕСА се определиле 4,7%, колку и за Левица (4,7%), а последна со рејтинг од над 1% е ДПА за која би гласале 1,1% од анкетираните. Сите други партии се под 1% поддршка меѓу интервјуираните гласачи во ова истражување.

„Брима“ истражување: На локалните избори, 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за ВМРО-ДПМНЕ.

Заев убедливо пред Мицкоски според анкетата на „Брима“. И во оваа анкета најпопуларниот политички лидер во Македонија е Зоран Заев, кој со своите 11,8% од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски (7%). Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).

Европската политика на Заев е препознаена, тој и СДСМ водат на анкетата на Брима.

Доколку се земат предвид рејтинзите на партиите кои заедно настапуваат во коалиција, тогаш довербата во Владата во однос на опозицијата расте уште повеќе. Анкетата на Брима е спроведена во периодот од 27 август до 9 септември според метото лице-в-лица во домот на испитаникот со запазување на сите демографски карактеристики.

Граѓаните најмногу ги мачат невработеноста, состојбата со пандемијата, нискиот стандард… Во анкетата, долгиот низ на политичките проблеми (како што е општата политичка ситуација и „зачувувањето на македонската држава“ или можноста од бегалска криза, проблемот со Бугарија, меѓуетничките односи, протестите и контра-протестите и тн.) се далеку вон фокусот на грижите на анкетираните. За жал, во темите кои се нискорангирани се и проблемите со состојбата во животната средина и екологијата.

Во цврстата прегратка на Филипче…Занимливо, самиот министер за здравство, во испитувањата на пулсот на македонската јавност на „Брима“, се доживува како еден од ретките македонски политичари кои – иако немаат импресивен вкупен рејтинг! – поседува (како и Пендаровски, впрочем) забележливо повисок капацитет од повеќето други колеги и од владејачката и од опозициската сцена да ги обедини граѓаните околу својот ресорен ангажман: за него „дури“ 41% од испитаниците изразиле благонаклонет став, што е многу повисоко од самиот негов личен рејтинг….прочитајте во најновата колумна на другарот Сашо Орданоски.

Мицкоски гневен после анкетата на „Брима“, на рапорт клукајдрвците од Фејсбук и Твитер….ели гледате дека рејтингот ми е 7 факинг %, приближнo со оној од Ахмети?! Знаете ли каква катастрофа е тоа?! Кажете му на Антоњо да ги прегрупира и реорганизира платените клукајдрвци! Има денеска да релативизираат и измислуваат други теми на социјалните мрежи. Нека засилат со обвинувањата за катастрофата со Тетово. Некоја нова лажна вест нека измислат, како онаа со две години старата фотка од Вицето и Филипче. во рубриката АХА денеска „задева“ Јане Ѓорѓиоски.

ДЗС: Попишани вкупно 1.037.309 лице, 323.286 домаќинства и 438.705 станови. Пописот кој официјално започна на 5 септември, ќе трае до 30 овој месец.

Костуми…погледнете го најновиот Рендген.

 

Вооружен напад во универзитетски кампус во Русија, најмалку петмина мртви. Според се уште официјално непотврдени информации напаѓачот е 18-годишен студент Тимур Бекмансуров, кој наводно оставил порака на социјалните мрежи во киои го објаснува нападот..

Во секој момент на Интернет демнат 700.000 педофили. Истражувањето спроведено во Србија покажа колку е тешко да се направи профил на онлајн предатор, каде што беше откриено дека педофили порано биле 20-годишни студенти и постари луѓе, земјоделци, но и свештеници. Толку разновидност во заднината на онлајн предаторите ја прави работата на полициските сили уште потешка.

 И. Т. З. 
Next Post
Морска слуз на плажа меѓу Ханиоти и Пефкохори, Халкидики, Грција, септември 2021 г. Фото: Мета.мк.

Морска слуз се појавува на плажите во Халкидики

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk