ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Мицкоски „малоумно детенце“ во колумна на Андонов, омраза и теории на заговор за „разнебитување на Македонија“, притвор за лекарка

September 24, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Мицкоски „корисен идиот“, дилетант,  МИЦИКА, МИЦИ во колумната на Оливер Андонов, полна омраза и теории на заговор за „разнебитување на Македонија“…Не изостануваат примитивниот речник, навреди, дискредитации и дискриминации…Мора да ја почекаме истрагата, опозицијата да престане да ја злоупотребува несреќата во Тетово во политички цели, вели Љупчо Николовски.

ФРОНТ, АНАЛИЗИ И РЕНДГЕН

Ерменско-македонската каша-попара продолжува. Не знам кој на што се надева, но „ерменската афера“ со македонското „дипломатско“ замешателство е тука – и нема наскоро да си замине. Приказната е со компоненти на холивудски трилер во доменот на настаните што се случувале вон територијата на државава, а она што ја тангира Македонија е со елементи на домашниот жанр „институционален хорор“ во кој допрва останува да се уточнува кој и што знаел, кога дознал, и што преземал или одмолчил. И зошто?Да се потсетиме… пишува колумнистот Сашо Орданоски.

Теорија за релативноста.

Александер Сергеев

„Патриотски“ говор кој поттикнува омраза против „нео-врховистите“ во ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Во колумната на д-р Оливер Андонов „Прилози кон историјата на В.М.Р.О.“, се содржат теории на заговор за „разнебитување на Македонија“ и потпалувачки изрази против „нео-врховистите вгнездени во срцето на ВМРО-ДПМНЕ“. Во колумната е забележлива лична нетрпеливост и навредлив говор кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ (опишан како „корисниот идиот“, „политичкиот дилетант Мицкоски“,„жалосно малоумно детенце наречено – „МИЦИКА / МИЦИ / МИЦКО“ итн.).

ПОЛИТИКА, ПОПИС, ПРЕПУКУВАЊА

Николовски: Мора да ја почекаме истрагата, опозицијата да престане да ја злоупотребува несреќата во Тетово во политички цели.  ОЈО е тоа што ги има обезбедено документацијата по однос на модуларните болници, а пота да бараме одговорност, сметам дека ова прашање е многу сензитивно и многу е лошо во овој момент да се бара одговорност кога ги немаме сите информации, затоа јас сум застапник да биде истрагата комплетна, да ги добиеме одговорите,а потоа да коментираме, рече Николовски.

EPA-EFE/Georgi Licovski

Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот. Од Општина Тетово веќе излегоа со тврдење дека тие немале никаква надлежност во фазите од изградбата и контролата на објектот. Од надлежните во болницата досега немаше никаква реакција што се должи и на тековната истрага во која се опфатени.

Попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.

Привремена Комисија на јавното обвинителство ќе следи евентуални изборни нерегуларности. Формираната комисија на јавното обвинителство проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување.

НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Пендаровски – Гутереш: Деблокадата на евроинтеграциите од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина.

Проблем на Бугарија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатор, вели историчарот Тодоров. Тој смета дека ние не треба да градиме негативни односи во учебниците воопшто, не само за Бугарија. Тодоров потсетува на бугарските флоскули „еден народ две држави“ и „бугарски земји“ кои се користат за околчување, па потоа сѐ што е внатре се вели „ова е мое“ и оттука се градат политики кои Балканот виде дека се штетни, потсетува Тодоров.

ПРАВДА И ЕКОНОМИЈА

Осумдневен притвор за лекарка од Куманово за примање поткуп. Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000,00 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ.

Здравството и економијата претставуваат најважни теми за граѓаните.  Ова го покажува сеопфатната анализа за „Влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите во Северна Македонија“, изработена во рамки на Проектот „Поддршка на изборни реформи“.

ИНФО ПИТ

Предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица. Задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, задолжително тестирање на влезните точки за оние кои патуваат со негативен тест. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на ковид-19″, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во сила во 6 часот утрово, а важи до следниот петок 1 октомври.

И. Т. З.

Next Post

(ВО ЖИВО) Најчевска, Колозова, Бачовска и Дерала на панелот на ЦИВИЛ „Деполитизација на училиштата“

НАЈНОВО

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk