ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Пописот е успешен, бојкотот на Левица им се врати како бумеранг, Трајно политичко решение во регионот е заеднички интерес на НАТО и ЕУ

October 1, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пописот успешен  Левица, официјалниот политички губитник кој повикуваше на бојкот, се посрамоти, пишува Сашо Орданоски во најновата колумна. САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги започнат преговорите со ЕУ годинава….Ако сакаме европски плати, треба така и да работиме… порача Заев – кој е против законот за скратено работно време…кој пукаше на митингот кај ДУИ?

ПОЛИТИКА, ПОПИС, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска  во Брисел разговараше со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, за аранжманот за деескалација на тензиите во северно Косово и рече дека „НАТО и ЕУ имаат заеднички интерес.за трајно политичко решение во регионот “.

 

Ескобар: САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги започнат преговорите со ЕУ оваа година. Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар, се надева дека сите европски држави ќе ја разберат стратешката важност од тоа да им дозволат на овие две држави да ги започнат преговорите за членство.

Пописот успешен, резултатите за шест месеци. Вкупно 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови се евидентирани со Пописот што официјално заврши вчера, а траеше 26 дена, почнувајќи од 5 септември. Во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани, најмногу од западноевропските, а многу помалку од прекуокеанските земји.

Со новите 59 градинки, капацитетите се зголемија за 130%, најавени нови 10 објекти до крајот на годинава.

Предлог решението кое предвидува скратено работно време на јавната администрација во петок, е ставено на ЕНЕР. Допрва ќе се отвора дискусија по ова прашање, граѓаните треба да го кажат своето мислење, а Владата внимателно слуша, рече денеска премиерот Зоран Заев. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинзите на неговата партија во пресрет на локалните избори повторно зборува за некакви нови парламентарни мнозинства, кои ги ветува веќе неколку годинини наназад. Заборавајќи дека станува збор за локални избори на кои се бираат градоначалници и советници за општините во земјава, Мицкоски со украдени пораки се однесува како да води кампања на парламентарни избори.

Како што информираат од Министерството за образование и наука, студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година.

ЗАНИМЛИВОСТИ, lIFESTYLE

Го правела љубоморен Доналд со згоден војник, го сечела од фотките, за изборите легнала да спие – какви тајни испливаа за Меланија Трамп од времето кога беше прва дама? Како секретар за односи со јавност на поранешниот претседател на САД, Стефани Гришам имала прилика од прва рака да го запознае семејството Трамп, а сега во нова книга ги изнесува сите мрачни тајни, што јавноста не ги знаела.

 

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Израел ги пронајде телата на двајца мртви заложници од Газа во воена операција

June 12, 2025

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, реагираат од СДСМ

June 12, 2025

ИЈЗ за Денот против злоупотреба на детскиот труд: Детството не смее да биде жртвувано за профит, сиромаштија или негрижа

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

    Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш и да фрлаш клетви, но ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова за НоваТВ: Поднесов кандидатура во СДСМ за градоначалник на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако некој некогаш праша – нас нè има таму

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами вели дека има места во Владата за нови политички партнери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk