Не претстануваат осудите на вчерашниот срамен инцидент што активисти од Левица се обидоа да го исценираат на Могилата на непобедените во Прилеп, кога со положување на цвеќе по повод одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието, почест оддаваа државни делегации, општински и партиски претставници, здруженија на граѓани и роднини на загинатите борци во НОВ.
– Простотилак, приберете си ги џукелите, ванаби фаши меме партија, така се калеше фашизмот, срам за сите вистински левичари и антифашисти… се дел од коментарите што Твитерџиите им ги испратија јасно и гласно на активистите од Левица.
„Левица дали знаете што е достоинство, пиетет, чест, национална гордост? На гробот на стотици загинати за Маедонија го презентирате примитивизмот,невоспитување и неофашистички истапи и белези. Вашите меѓупартиски натпревари во простотилак чувајте ги за друго место.“ коментира Мекица @Plavaaa.
Со цигара в рака пред споменикот на загинатите борци од НОВ. На ваков голем празник. @levica_partija приберете си ги џукеливе. pic.twitter.com/WDYAfKiP6i
— 42 (@forty_tw0) October 11, 2021
„Нели Левица се бореа за правата на работниците, зошто денес не блокираа некоја фабрика или маркет што работат на државен празник?“, прашува Бредли Купер @Zmugalo.
„- Што напраивте вие за државата? – 12 секунди лежевме на црвен килим во Битола и стоевме со цигара во рака и капа на глава пред споменикот во Прилеп. После тоа Чиз (со тазе испиени лекарства) твиташе од 300 профили. Која факинг тинејџерска ванаби фаши меме партија јеботе“, Сплинтер @sinisa_goliOtok.
Не е проблем Заев, туку деликвентите од Левица ова им го прават и на борците од НОБ. Без срам пред стари луѓе да ова прават. Гласајте си ги само. pic.twitter.com/8Su6fCqpIj
— Ајс Ти (@IceBucks7) October 11, 2021
„Неверојатно застрашувачки е како #Левица секојдневно се повеќе јавно и без трошка двоумење ги покажува своите нео-нацистички уверувања, ставови и однесување. При тоа сите немо гледаат а добар дел и се воодушевуваат јавно или скришно. И Адолф исто во 1933. Така се калеше фашизмот.“, buldozerrevolution @revolucionersk.
„Не, не исплукаа некоја си партија и некој со политичар. Фашистите од Левица денес му се помочаа на главата на целиот македонски народ и на хероите кои загинале за нашата денешна слобода. Срамно е што постоите, гнаси фашистички!“, Биби @The_BB_.
„Левица = срам за Македонија, срам за борците, срам за сите вистински левичари и антифашисти на светов. На ваков ден опседнати да станат вирални на интернет а со прст не мрднале за социјални прашања. Одете скријте се негде“, Tanja M @MilevskaTanja
— Gandalf the Red (@_redgandalf_) October 11, 2021
„Не е герила акција тоа што мајмуниве од левица го правеа денес. Герила акција е она што го направиле 41ва оние неколку старци, на кои денес им се огади положувањето цвеќе врз споменикот на нивните соборци. Шупци“, andon.ru @andon_ru.
„Веројатно најидиотското понашање у Македонија у последните неколку години. Тешка болест е ова, којзнае каква фрустрација влече човечево.“, Yoko @jordantscho.
„Да правеа партизаните вакви „герила акции“, уште ќе бевме под фашистичка чизма.“, Хермиона @kvkriss.
Е сега замислете, така десетина души да се наредеа 2013 година, Груевски каде што требаше да положува цвеќе. Само замислете што ќе се случеше.
И после исти биле бе…
— Sir Oliver (@tnt_oliver) October 11, 2021
„Тие на антифашистички државен празник ја ставија партијата пред државата, дојдоа со партиски обележја и партиска агенда, а ти па викаш кај им е достоинството. Лесно е, го немаат.“ Жане од кадрово @cccruella.
Ова се само дел од пораките и коментарите што граѓаните им ги испратија преку социјалната мрежа Твитер на пиуните инструирани од Димче Апасиев од Левица, за нивниот срамен обид да го сквернават државниот празник 11 Октомври.
Ј. Ѓорѓиоски