На Твитер се појави информација дека кандидатка за советничка во Карпош од ВМРО-ДПМНЕ се јавува на граѓани и бара да гласаат за Стевчо Јакимовски и Данела Арсовска. Според објавта на LoLa @LolaOdTreti, кандидатката Елена Домика и се јавила на телефон ( или барем се претставила дека е таа) и барала во недела, во вториот изборен круг да гласа за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ или кандидатите кои ги поддржува оваа партија.
Ова е Елена Домика, кандидат за советник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.
Од каде ли е мотивот да ми се јави на телефон(не знам од каде им се броевите) и да бара во недела да гласам за Стефчо Јакимовски и за Данела.
Очигледно Стефчо е само ликот, позадината е ВМРО-ДПМНЕ. pic.twitter.com/R9ni5NNC9Q— LoLa (@LolaOdTreti) October 25, 2021
„Од каде ли е мотивот да ми се јави на телефон (не знам од каде им се броевите) и да бара во недела да гласам за Стефчо Јакимовски и за Данела“, пишува на Твитер профилот на Лола.
Понатаму во објавата пишува: Очигледно Стевчо е само ликот, позадината е ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: Твитер