Зоран Заев го стави своето политичко делување во служба на приближувањето кон ЕУ, Ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат. Така си ја замислуваат луѓето правдата. И го искажуваат тоа онака како што ги разбрале своите политички претставници и лидери, пишува Џабир Дерала,
ПОЛИТИКА
„Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите. Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново“, стои во објавата.
Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице, велат од СДСМ во соопштение за јавноста. Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини. Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел. Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.
Оставката на премиерот Зоран Заев е избрзана и донесена во емотивен момент – овој став го делат многумина негови сопартијци, партнери од коалицијата, но и високи политичари од меѓународната заедница. Повеќето се на став дека на државата и претстојат значајни реформи, кои се изводливи единствено со стабилни институции.
Покрај заканувачките и навредливи објави коишто неретко ги објавуваше пратеникот и еден од членовите на президиумот на Левица, Димитар Апасиев, на Твитер исплива и еден упатен до Арбен Таравари од АА. Станува збор за објава на Фејсбук од 2020 година и во неа се вели: Кај е сега фашистот Таравари да брои етничка припадност на заразените ко на Златна Бубамара? На ова прашање на Твитер, Сплинтер @sinisa_goliOtok, му одговори, еве го Таравари брат, до тебе !
Што после Заев? Не треба да бидеме изненадени со решение што не е директно од СДСМ за мандатар, за да се одвојат тие две агенди и борби, во обид да се оневозможи нефер влијание на функцијата во Владата на подоцнежниот партиски избор, анализира Петар Арсовски.
Откако минатиот петок, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека собрал парламентарно мнозинство со кое ќе изгласа недоверба на Владата, ситуацијата денес изгледа сосема поинаку, па дури и самиот Мицкоски не се појави на прес-конференција.
За поздравување е вчерашната реакција на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ја осуди изјавата на Шкодране Дардишта, која се закануваше со војна, изјави денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Оградувањето на Али Ахмети е за секој поздрав, истакна Ангелов, прашан за коментар, во врска со статусот што го објави на „Фејсбук“, Дардишта, која е членка на Одборот на директори на „Македонски телеком“.
Села: Не се согласувам со ставовите на Левица и немам контакт со Апасиев. Исто така и Арјанит Хоџа од Движење Беса пред две недели рече дека е против политиките на Апасиев кои ги нарече антиамерикански и антиалбански.

ФРОНТ
Среде заглушувачката врева од испуканите балони. Правда! Тоа е во устата и под прстите на тастатурата на политичарите и нивните онлајн војски. Јунаци. Ќе убиваат, ќе палат, ќе колат, ќе бесат и ќе силуваат. Така си ја замислуваат луѓето правдата. И го искажуваат тоа онака како што ги разбрале своите политички претставници и лидери, пишува Џабир Дерала.
„Дојди зло, оти без тебе уште позло!“- Опозицијата побрза, јавајќи на моментниот „висок бран“ на локалните изборни резултати, да се пофали со ново мнозинство во Собранието. Власта, со право, сега вели повелете, да гласаме, па да видиме дали го имате или не. Заев дури сега не треба да брза со формално поднесување на оставката во собраниска процедура, бидејќи иницијативата е на страна на опозицијата, пишува Сашо Орданоски во најновата колумна.
ЕКОНОМИЈА
Од утрово РЕК Битола не произведува струја, двата блока се во прекин. Утре комисијата предводена од министерот за економија Крешник Бектеши ќе бара Владата да прогласи кризна состојба поради енергетската криза. Тој тврди дека рестрикции не се потребни.

СВЕТ / ЗЕЛЕНА
Извештај: Глобалното затоплување ќе ги уништи економиите на земјите во развој.
Наодите на Кришчн Ејд покажуваат дека на повеќе од една третина од земјите во светот итно им е потребна помош за градење отпорност за да можат нивните економии да ги издржат горештините, сушите, поплавите и бурите, кои стануваат поинтензивни и посмртоносни поради глобалното затоплување.
В.К