Косовската претседателка Вјоса Османи денеска донесе одлука 24 ноември да го прогласи за ден на жалост во знак на почит кон граѓаните на Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија, главно македонски Албанци.
Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај селото Боснек, југозападно од Софија. Меѓу жртвите има и 12 деца.
Седум патници од автобусот се повредени и пренесени во болница во Софија и тие не се во животна опасност.
Косовскиот државен врв изрази сочувство до највисоките македонски претставници и до семејствата на загинатите.
извор: МИА