Фејсбук страницата Сеир.мк објави скен, извадок од кривична пријава за Цветан Трипуновски, технички заменик-министер за земјоделие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од која се гледа дека против него постои кривична пријава за злоупотреба на службената должност со што, заедно со уште две службени лица, го оштетиле министерството за 117.000 евра.