Се придружувам на осудата на недоличните, примитивни, простачки организирани напади врз Министерката за одбрана Славјанка Петровска, а на кои напади најдобро одговори 7-миот баталјон на Кралската Гарда на Обединетото Кралство, укажувајќи и искрена почест и тоа не само на неа, туку и на земјата од која што доаѓа.
Сепак, сметам дека осудата колку и да е масовна, остава простор за уште неколку прашања.
Имено: СО ШТО нашата другарка Славјанка го заслужи сиот тој излив на примитивизам кон неа?
Направи нешто погрешно? Сигурен сум, НЕ!
Кажа нешто погрешно? НЕ, токму спротивното. Од денот кога стапи на должност па се до денес сите нејзини изјави беа ТОЧНИ, насочени кон сите ЗАИНТЕРЕСИРАНИ, засновани врз решително бранење на виталните интереси на државата.
Затоа, сосема е јасно КОГО го погодија и КОЈ даде сигнал за почеток на примитивната кампања. До денес, НИКОЈ од оние кои зедоа учество во оркестрираните напади врз неа не напиша, не кажа, ниту еден квалификуван аргумент, критика за сметка на она што Славјанка го прави, го зборува, изјавува. Слушаме, читаме извртени тези, извлекување од контекст, намерно додавање на погрешни зборови и се што кујните од подрумите на лажните патриоти и наци-левичари ни го сервираат со децении.
Затоа, еве на крајот, пак да прашам: што Направи, што Изјави, што рече Славјанка за да толку многу ги заболи вашите инспиратори за да од себе ги ископате најдлабоките примитивности и ги истурите врз неа.
За да немате илузии, Славјанка и понатаму ќе продолжи со истото темпо, а вие по којзнае кој пат ќе си завршите во подрумите, заедно со бубашвабите, вашите први братучеди.