ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Досие „Отворен Балкан“

March 28, 2022 11:53
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Напредната регионална иницијатива за соработка, која потоа беше именувана како „Отворен Балкан“ произлегува од Берлинскиот процес. Отворен Балкан е иницијатива во која во моментов членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а сите останати земји од регионот имаат отворена, јавна, директна и недвосмислена покана да се придружат. Иницијативата има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнисите.

„Отворен Балкан“ не е алтернатива на ЕУ. „Отворен Балкан“ значи побрзо и подготвено земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и добра.

Иницијативата добива се поголема поддршка од бизнис заедницата, но и од граѓаните.

Во изјава за Фронтлајн, Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, вели не само бизнисите, кои веќе директно ги чувствуваат придобивките од Иницијативата, туки и граѓаните го препознаваат Отворен Балкан како платформа за унапредување на слободата на движење на луѓе.

Како започна „Отворен Балкан“

Во октомври 2019 година на трилатералниот состанок што се одржа во Нови Сад во Република Србија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, македонскиот премиер Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама, потпишаа Заедничка декларација за четирите темелни слободи на ЕУ во земјите од Западен Балкан.

„Отворени сме за оваа и за сите други иницијативи кои одат во насока да ги зајакнат постоечките форми што ја промовираат регионалната соработка и што го забрзуваат процесот на интеграција во ЕУ на сите земји од Западен Балкан“, истакна тогаш премиерот Заев.

Тој нагласи дека треба да се искористат заедничките потенцијали на замјите од Западен Балкан за зголемување на трговијата, протокот на производи, мобилноста на луѓе, услуги и капитал. Тоа се четирите слободи на ЕУ, потенцира Заев.

„Во нашиот регион мораме да ги воведеме европските принципи на соработка и функционирање. Мораме да ја донесеме Европа на Балканот во секоја од нашите земји“, рече Заев.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама во своите изјави на прес-конференцијата ги издвоија поентите од декларацијата што ја објавија тројцата лидери, во која е истакната заложбата за реализација на четири слободи на ЕУ – движење на луѓе, стоки, капитал и услуги – во Западен Балкан.

Во декларацијата беа поканети и останатите лидери во Западен Балкан да им се придружат на првиот нареден состанок закажан за 10 ноември 2019 година во Охрид.

Клопчето за соработка на земјите што ја прифатија Иницијативата почна да се одмотува

Врз основа на заеднички усвоена декларација, тројцата лидери во Охрид, потврдија дека се очекува на граничните премини, покрај заедничките царински контроли да има заедничка соработка на фитосанитарните контроли, како и слободно движење на граѓаните во трите земји само со лични карти.

Декларацијата ги најавува можностите на отворен пазар и пристап за бизнис иницијативи во целиот регион без разлика на местото на основање на компаниите, создавање нови работни места и поттикнување на потенцијалите за севкупен развој. Оваа иницијатива отвора големи можности за младите од поврзувањето по угледот на европскиот модел за имплементирање на стандардите на ЕУ со цел економски напредок на земјите од Западен Балкан и целокупната демократска трансформација.

Следуваа повеќе состаноци помеѓу иницијаторите, но пандемијата од Ковид-19 ја успори комуникацијата која продолжи билатерални онлајн средби помеѓу лидерите.

Европски Западен Балкан

Во јуни 2021 година Заев, Рама и Вучиќ, одржаа работна средба преку интернет конференциска врска на која ја утврдија трипартитната, односно заедничка изјава „Европски Западен Балкан“.

Заев, Рама и Вучиќ, работна средба преку интернет конференциска врска

Заев, Рама и Вучиќ нагласија дека Северна Македонија, Албанија и Србија остануваат посветени на својот европски пат и на регионалната соработка, свесни дека како дел од Европа, Унијата им е потребна ним, исто толку колку што и тие и се потребни на ЕУ.

„Нашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ.

Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ.

Нашата историја и нашата иднина се европски и живееме во регион опкружен со границите на Европската унија. Контекстот во кој се наоѓаме е предизвикувачки и истиот е предизвикан од предолгиот статус кво на Унијата vis-a-vis нашиот процес на интеграција во ЕУ. Сепак ние остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка.

Сакаме порано, отколку подоцна, да видиме дека четирите слободи на ЕУ – движење на луѓе, стоки, услуги и капитал – се спроведуваат низ целиот регион. И ние ќе сториме сè што е во наши раце да се движиме кон оваа цел преку моќта на нашиот пример“, се вели меѓудругото во заедничката изјава на Рама, Заев и Вучиќ.

Иницијативата го доби името „Отворен Балкан“, потпишани првите официјални документи за соработка

Во јули 2021 година во Скопје, иницијативата го добива името „Отворен Балкан“ – заедничката иднина за нашите граѓани и за целиот Западен Балкан. Оваа иницијатива ќе нé направи подобри и ќе ја направи Европа подобра. Тука денес ни се приклучија повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од целиот Западен Балкан. Духот на соработката е очигледен во стотиците врски кои се негуваат тука, се вели во изјавата на Заев, Рама и Вучиќ.

Дел од церемонијата на потпишување на договорот и меморандумите, објавено новото име на иницијативата – „Отворен Балкан“.

Како први значајни чекори за нов и конкретен импулс за поттикнување на регионалната соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, Заев, Вучиќ и Рама, ги потпишаа Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан, Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Меморандумот за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан.

Иднината на проширувањето – поглед од регионот

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија Еди Рама и вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров во ноември 2021 година во Белград потпишаа заедничка изјава „Иднината на проширувањето – поглед од регионот“ во рамките на Иницијативата за соработка на Отворен Балкан.

Вучиќ, Рама и вицепремиерот на Северна Македонија Димитров во Белград „Иднината на проширувањето – поглед од регионот“

„Европската унија и нејзините земји-членки, заедно со партнерите од регионот, на Самитот на Брдо на 6 октомври ја потврдија својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан.

Западниот Балкан ја повтори својата и посветеноста на регионот на европските вредности и демократски принципи, владеењето на демократијата, основните права и владеењето на правото.

Сепак, сомнителниот капацитет на Европската унија да интегрира нови членки, внатрешните дебати меѓу земјите-членки на ЕУ и билатералните односи го попречија реалниот напредок на регионот кон ЕУ.

На хартија, политиката за проширување останува активна. Во пракса, сепак, постои растечко разочарување кај граѓаните од регионот во однос на перспективата на ЕУ.

Дополнително, доцнењето на ЕУ перспективата го чинеше регионот премногу во политичка смисла“, се истакнува во заедничката изјава на Вучиќ, Рама и Димитров.

Единствен пазар на трудот и услуги за граѓаните, минимално чекање на границите

Лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“,заедно со нивните тимови, во декември 2021 година во Тирана потпишаа пет договори.

„Отворен Балкан“ во Тирана. „Единствен пазар на трудот и услуги за граѓаните, минимално чекање на границите“

Како трилатерални, меѓу владите на трите држави се потпишани Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан, и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Заев на Самитот во Тирана го најави Димитар Ковачевски како негов наследник

Заев на Самитот во Тирана го најави Димитар Ковачевски како негов наследник

Драг Еди, драг Александар, Отворен Балкан не само што не зближи како лидери на три соседни земји, туку за мене има и лична вредност, а тоа е огромното пријателство со вас двајцата. Чувајте го и развивајте го Отворен Балкан, а денеска сите  видоа дека и мојот наследник, Димитар Ковачевски, подеднакво исто ќе биде посветен на овој процес, и лично верувам дека неговиот придонес големо освежување за овој процес.“, изјави премиерот Заев на заедничката прес-конференција од Самитот „Отворен Балкан“ во Тирана.

Фунционира Договорот од Отворен Балкан, компаниите ги препознаваат придобивките

Први три пратки за Северна Македонија без чекање на границата

 Првите три пратки од секторот за стоки од животинско потекло од Србија во јануари 2022 година заминаа за Северна Македонија без да чекаат на граничните премини, со што Србија го означи почетокот на имплементација на Договорот за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната, потпишан во Тирана, како дел од иницијативата Отворен Балкан.

Почетокот на имплементација на Договорот од страна на Србија го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ, додавајќи дека договореното се спроведува, а по потпишувањето на договорот веќе имало пратки од Северна Македонија во Србија.

Институциите посветени на Отворен Балкан, се отстрануваат бариерите за слободен проток меѓу граѓаните и компаниите од регионот

Националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска и советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми, како што се наведува, ги запозналe државните секретари и одговорните службеници од ресорните министерства и директорите на релевантните државни агенции со сите актуелни и планирани домашни и меѓународни процеси кои произлегуваат од трилатералната соработка меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија во рамки на иницијативата Отворен Балкан

Започнати се меѓуресорските соработки во областите туризам, култура и млади меѓу институциите од македонска страна, со цел Северна Македонија да даде сериозен и суштински придонес кон Отворен Балкан во делот на воспоставување контакти, познанствата, размени и заеднички иницијативи меѓу граѓаните и особено меѓу младите од регионот, преку организација на настани, туристички понуди, спортски турнири, културни случувања, научно-истражувачки хабови итн.

Компаниите ги препознаваат придобивките од „Отворен Балкан“

Премиерот Ковачевски во своето обраќање на настанот, на кој беа презентирани резултатите од истражувањето „Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата Отворен Балкан“, што го реализираа тинк-тенк организацијата Аналитика и Фондацијата Отворено Општество Македонија, истакна дека анализата нуди сеопфатна слика за состојбата на регионалната соработка во регионот од аспект на четирите слободи и тоа – слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал, што ги мапира клучните чинители за зајакнување на соработката во рамки на „Отворен Балкан“.

Регионалната соработка преку „Отворен Балкан” важна за идниот економски развој

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски учествуваше како говорник на онлајн настанот „Економска интеграција на Република Северна Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании во РСМ за иницијативата „Отворен Балкан”.

„Отворен Балкан” е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнис секторот. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на стоки, услуги, лица и капитал.

Аналитичарите и економските експерти едногласни за можностите што ги отвора Иницијативата

„Отворен Балкан“ е можност за бизнисот за подобро работење и економски раст

За најголем дел од извозно ориентираните компании во земјите од регионот или за 96,4 отсто од нив иницијативата Отворен Балкан би можела да отвори можности за подобрување на нивното работење и економски раст, покажува првото квантитативно и квалитативно истражување „Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата „Отворен Балкан“ спроведено од Организацијата Аналитика тинк-тенк.

Пречки за остварувањето на економската соработка не гледаат 89,3 отсто од компаниите, но, 10,7 велат дека има и оти се однесуваат на долгите чекања на границите, голем број давачки и преголемиот број административни документи и сметаат дека тоа е нешто што во иднина треба да се промени.

„Отворен Балкан“ е феноменален проект кој е пократок пат до ЕУ

-Во Европа се доминантни четири теми од кои прва и најсериозна е Европа една држава или Европа на унија од држави, а темата за проширување со Западен Балкан и со нас во него е четврта. Ние не можеме да влеземе брзо во ЕУ во најдобар случај доколку денеска почнеме да преговараме тоа би се случило во 2035 година, рече професорот Марјан Бојаџиев.

Еден глас и шанса за сите

Аналитичарите на ИФИМЕС сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е регионална иницијатива за Балканот за 21 век, бидејќи ќе ги елиминира граничните контроли и другите бариери со цел да го олесни движењето (луѓе, стоки, капитал и услуги) во регионот, ќе им овозможи на граѓаните да патуваат користејќи само лична карта како патна исправа. Понатаму, иницијативата ќе им овозможи на граѓаните да се вработат каде било во регионот, доколку имаат доказ за нивните квалификации, како и да се обезбеди признавање на дипломите и подобра соработка во борбата против организираниот криминал и одговорот на природните катастрофи.

„Отворен Балкан“ останува отворен за сите

Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Фронтлајн

Вицеремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Фронтлајн, смета дека тоа што се моментално приклучени Србија, Албанија и Северна Македонија значи дека само тие биле подготвени да влезат во оваа иницијатива, но сите шест држави се во Берлинскиот процес.

„Значи, целта на оваа иницијатива е зголемена, пред сè, економска и трговска соработка во регионот. Ние ја подржуваме принципиелно и инсистираме да остане  отворена како иницијатива за сите држави од Западен Балкан, значи не само за овие три кои што се веќе внатре, туку и за останатите три кои што не се, ја оставаме вратата отворена да се придружат. Притоа, не сметаме дека е ова иницијатива која што може да биде замена за членство во Европска Унија, не, напротив, сметаме дека е само еден вид на регионална соработка која што е од корист на нашите граѓани“, истакна Маричиќ.

Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“  се видливи

За само 24 часа македонските производи се на српскиот пазар, Србија ја трга забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење

Министерот Николовски заедно со министрите за земјоделство на Србија, Албанија и Република Српска, го посетија царинскиот терминал „Делизе“ во Белград, Република Србија, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

„Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“  се видливи, тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема заджување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, за само 24 часа македонските производи,  се на српскиот пазар“, изјави Николовски.

Благодарение на довербата и соработката што ги обезбедува Отворен Балкан договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење, и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу сите економски партнери од двете земји, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На Табановце поставена првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан – обезбеден е брз проток за транспортерите

Граничен премин Табановцс. Зелена лента за Отворен Балкан

На граничниот премин Табановце, на влез во Северна Македонија, Царинската управа на Северна Македонија ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал.

Најважната придобивка од Зелената лента за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан е намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа е овозможено преку приоритет во преминувањето и спроведување на царинските постапки со скратени и олеснети физички и документациски контроли.

Со визуелното обележување на Зелената лента за Отворен Балкан, Царинската управа ги упатува транспортерите кон полесно движење на стоките и намалување на трошоците за извоз и увоз. Следната недела вакви обележја ќе бидат поставени и на граничниот премин Ќафасан при влез во Северна Македонија, а потоа истото ќе го направат и партнерите од Србија и Албанија на позициите при влез од Северна Македонија во тие две држави.

ЕУ и САД со отворена поддршка на Отворен Балкан

Заменик помошникот на државниот секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, Габриел Ескобар со владината делегација составена од националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска Старова и советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми

Отворен Балкан е најдобрата порака што регионот може да ја донесе

Регионот сака да биде едно. Отворен Балкан е најдобрата порака што регионот може да ја донесе. Отворен Балкан не само што промовира регионална соработка туку и остварува регионална соработка. Вашата регионална соработка е добра и за ЕУ и Западен Балкан, рече еврокомесарот Оливер Вархеји,  во поздравно обраќање на смитот „Отворен Балкан“.

„Држете ги вратите на оваа иницијатива отворени. Ги поканувам останатите три земји (Црна Гора, БиХ и Косово). Ја поддржувам вашата иницијатива“, вели Вархеји.

Недвосмислена и силна поддршка од САД

Силна и недвосмислена поддршка за европската интеграција на целиот регион на Западен Балкан и особено за регионалната економска и политичка соработка, како што е „Отворен Балкан“, изразија претставниците на американскиот Стејт департмент на работната средба во Вашингтон на заменик помошникот на државниот секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, Габриел Ескобар со владината делегација составена од националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска Старова и советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми, во рамки на студиската посета во САД на регионалната координативна група на иницијативата „Отворен Балкан”.

Проширувањето на Отворен Балкан е посакувано, поддржано и неминовно

Во интервју за Нова ТВ, Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, нагласува дека проширувањето на Отворен Балкан е посакувано, поддржано и неминовно ќе се случи онака како што лидерите на земјите потенцијални членки ќе осознаваат колку многу можат да му дадат на својот народ овозможувајќи му да биде дел од блиската соработка со своите соседи од регионот.

„Особено ме радува што мандатарот за премиер во новата црногорска Влада, Абазовиќ, во континуитет упатува позитивни пораки на заинтересираност за можностите кои ги нуди иницијативата, а истото постојано го прават и бизнис коморите од Црна Гора“, вели Забрчанец.

„Отворен Балкан“, има амбициозен план. Лидерите, творците на Иницијативата – Вучиќ, Заев и Рама, кога ја започнаа во 2019 година, нивната цел беше до 2023 година да има слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги и да нема граници меѓу трите земји. Интензитетот со кој се развива Иницијативата дозволува да веруваме дека тоа е остварливо.

Ј. Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

May 21, 2025

Поранешниот советник на Виктор Јанукович, адвокатот Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

May 21, 2025

Претреси во Скопје, лишени од слобода четири лица- членови на криминална група, осомничени за убиства

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk