Протоколот меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија не е нотиран во проговарачката рамка. Тоа е билатерален документ кој не е дел од европскиот пакет. Европскиот договор и Протоколот се два различни, неповрзани проицеси кои во моментов временски коинцидираат, изјави премиерот на денешната прес конференција по средбата со претседатлот на Советот на Европа, Шарл Мишел.
„Друга важна работа е што преговарачкиот процес односно меѓувладината конференција и скринингот ќе може да ги реализираме без одлагање и без дополнителни услови. Овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. Преговорите со ЕУ ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот. Од овие причини не треба повеќе да чекаме. Да ја искористиме историската шанса за напредок на државата“, рече Ковачевски.
Да размислуваме рационално, мудро и одговорно. Да мислиме на нашите деца. И до сега не беше лесно, но ајде да ја оставиме дневната политика на страна и ќе се држиме до фактите и документите. Да постапиме државнички и одговорно, порача Ковачевски.
И. Т. З.