ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стотици нови пријави од граѓани добиле новинарите на ИРЛ по објавата на „Нечиста крв“

July 18, 2022 12:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: Принтскрин од епизодата „Нечиста крв“

Фото: Принтскрин од епизодата „Нечиста крв“

Стотици нови пријави од граѓани добиле новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) по објавата на епизодата „Нечиста крв“ во рамки на серијалот „Редакција“, која се однесува на злоупотреба на методот на хемофилтрација од страна на кликата Жан Митрев за време на ковид-19 пандемијата. Како што за Мета.мк вели Сашка Цветковска, основач и одговорен уредник на ИРЛ, тие се благодарни што граѓаните се охрабрија да се вклучат во разоткривање на нечесните пракси кои со години директно ги загрозуваат човечките животи.

Главното дејство на оваа епизода се одвива околу сведочењето на семејството Брезеви чиј член починал во приватната клиника откако му биле администирани повеќе хемофилтрации, а добил и повеќе интрахоспитални бактериски инфекции кои влијаеле на влошување на неговата состојба.

„Добивме повеќе од 150 нови пријави од граѓани кои имале исто или слично искуство како семејството Брезеви. Пријавите од граѓани се однесуваат и на лекувања и третмани во други приватни и државни болници, а не само на болницата на Жан Митрев“, вели Цветковска.

Таа истакна дека почнувајќи од денес а и наредниов период тимот на ИРЛ ќе биде фокусиран да ги исконтактира сите граѓани кои се обратиле до редакцијата, додавајќи дека ИРЛ е составена од мал тим на новинари и секоја помош од колегите од други медиуми е добредојдена.

„Ние немаме моќ освен нашите зборови и работа, ние не сме МВР и обвинтелство, но очекуваме надлежните институции да ги заштитат луѓето и конечно некој да се позанимава со луѓето во институциите кои секојдневно ги гледаат и ги премолчуваат овие злосторства врз животот и здравјето на граѓаните“, рече Цветковска.

Истражувањето „Нечиста крв“ се базира на 24 пријави на граѓани од Северна Македонија и Косово според кои пациентите се користеле како „експериментални заморчиња“ а притоа им се наплаќале и голем суми на пари без да се известат дека се дел од медицинска студија.

Извор: МЕТА

Next Post

(ВИДЕО) Кој е виновен за блокадата на извозот на украинското жито

НАЈНОВО

Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

August 27, 2025

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk