ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Наместо во запрежната кола на Мицкоски, на брзата лента на автопатот кон Европа. Европа – здај!  

Повикот за референдум што го упати ВМРО-ДПМНЕ (и ним блиските) покажува колку се тие антимакедонска, ултранационалистичка, антизападна и проруска инсталација. Ништо друго. Добро е на автопатот кон ЕУ да возиме по најбрзата лента, наместо да се клацкаме во запрежната кола на вмро, на спореден колски пат кој не води никаде.

July 22, 2022 18:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Најновата идеја за референдум, ВМРО-ДПМНЕ ја дефинира како „народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација на Македонија“. Нема што многу да се коментира оваа формулација бидејќи е бесмислица. Се разбира, без оглед на тоа колку е бесмислица, не значи дека е и наивна. Уште еднаш, како и во децениите претходно, ВМРО-ДПМНЕ го кочи македонскиот прогрес и исполнувањето на националните стратешки цели.

Вмровците утнаа и со најавата за „широки консултации за референдумот кој треба да следи, како и за формулацијата на референдумското прашање по што очекуваат тој да се спроведе“. Утнаа, да, како и секогаш.

Ало! Дајте малку контакт со реалноста!

Широките консултации поминаа, а потоа застанавме на автопатот кон ЕУ, со гласањето во парламентот на 16 јули, а веднаш потоа и Првата меѓувладина конференција во Брисел, на 19 јули.

Значи, станува донекаде и смешно. Едноставно, Вмро толку често не ја говори вистината и толку погрешно ги разбира и интерпретира настаните, процесите, демократијата, што станува веќе и смешно да се обидува човек да ги демантира. Човек да помисли дека, освен болниот апетит за власт, има уште нешто длабоко што не е в ред со луѓето што ја водат партијата. Тоа целосно се разликува од разумноста и мудроста со која се одликуваат голем број членови на таа партија.

Да се потсетиме. Вмро организираше референдуми (пропаднати) многупати досега. А бојкотираа еден од клучните процеси во земјата, како што беше Референдумот за Преспанскиот договор во 2018 година, кој овозможи излегување од изолацијата, заштита на националните интереси и зачленување во НАТО.

Референдуми што тоа не се

Да се разбереме. Кога вмровците организираат референдум, целите им се спротивни на значењето на референдумот како таков – широка граѓанска одлука. Така, организираа 17 локални референдуми во 2017 година против бегалците од Блискиот исток кои, според вмровците, претставуваа „опасност од исламизација“. Во земјата тогаш имаше одвај неколку бегалци. Целта им беше да предизвикаат страв, поделби и тензии кај гласачите, за да профитираат политички. Не да го слушнат гласот на народот во кој се колнат, а им служи само како бројка на избори и извор за богатење.

Организираа и референдум против Охридскиот рамковен договор, еден ден откако го потпишаа, 13 август 2001 година. Оној договор што ги запре крвопролевањата и етничкиот судир во земјата. И врз чии темели се гради модерната, мултикултурна, европска македонска држава. Да, и за тоа се обидоа да организираат референдум. Против сопствениот потпис.

Може да се наведат уште најмалку десет примери за тоа како ВМРО-ДПМНЕ и нивната помала сестра, ултрадесничарската Левица, ги блокираа и сè уште ги блокираат демократските процеси и националните стратешки интереси. Мотивите се познати и се задржуваат само во сферата на личните интереси на мал број луѓе на сметка на партијата, граѓанките и граѓани, и државата.

Антимакедонска, ултранационалистичка, антизападна и проруска инсталација

Повикот за референдум што го упати ВМРО-ДПМНЕ (и ним блиските) покажува колку се тие антимакедонска, ултранационалистичка, антизападна и проруска инсталација. Ништо друго. Ниедно друго објаснување нема. Тие покажаа како сакаат да дискутираат. Со вувузели. Само тие да зборуваат и никого да не слушаат. Дојде време, европско. Тој начин на политичко дејствување е целосно неприфатлив.

Апетитите за власт се бескрајни. Тие сакаат власт, привилегии, пари, моќ и популарност и по цена целата земја да ја испратат во пеколот. Да се надеваме дека членовите на оваа партија ќе го задржат интегритетот и патриотското чувство и самите ќе го решат ова прашање. Имаат добра причина за тоа. Северна Македонија сега е веќе дел од голем и одговорен европски процес, а Македонките и Македонците, влегоа во тој процес со заштитен идентитет и јазик. Убеден сум дека тоа им е јасно на вистинските патриоти и од сите други заедници што живеат во Северна Македонија.

Европа – здај!

Добро е на автопатот кон ЕУ да возиме по најбрзата лента, наместо да се клацкаме во запрежната кола на вмро, на спореден колски пат кој не води никаде. Поточно, води кон понорот, кон распад, хаос и насилство во кои тие најдобро се чувствуваат и најмногу профитираат. Но тоа веќе не поминува. Дојде времето кога на сите им стана јасно дека живееме во ново доба. Ова е време кога за сите подеднакво, важи само еден повик, како оној што громогласно се слушна од Словенија на крајот на 80-те години од минатиот век: Европа – здај!


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk